Прв театарски фестивал за деца „Силјан Штркот" - Канал 5

Прв театарски фестивал за деца „Силјан Штркот"

Прилеп ќе биде домаќин на првиот театарски фестивал за деца „Силјан Штркот", што ќе почне во петок и ќе трае до недела. 

Прв театарски фестивал за деца „Силјан Штркот"

Во рамки на фестивалските денови, најмладата публика ќе има можност да проследи четири детски претстави од Велес, Скопје и Битола, додека фестивалот е на иницијатива на здружението „Мал прилепски театар" и поддржан од прилепската локална самоупорава.

Оранизаторите на викенд театарското дружење за најмладите веруваат дека ова ќе прерасне во традиција за што доволна потврда е големата побарувачка на влезници за сите четири претстави. Според Марија Спиркоска Илиеска, Фестивалот на театар за деца е своевидна најава на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински" кој годинава по 54-ти пат ќе почне на 7 јуни.

– Поттикнати од идејата на МТФ „Војдан Чернодрински", сакавме да направиме сличен фестивал, но за деца. Со овој фестивал сакаме да ги пораснеме децата во сериозни театарски критичари кои ќе знаат да препознаат квалитет. Целта ни е од најмали нозе да ја учиме публиката колку е важна културата и односот кон неа, рече актерката Спиркоска Илиеска.

Актерката Ангела Наумоска од Здружението нагласува дека една од главните причини е да се оттргнат децата од модерната технологија и да ја сакаат и почитуваат театарската уметност, да се едуцираат и да уживаат.

– Една од главните причини за нашето дејстување на овој начин е да ги оттргнеме децата од модерниот начин на живот. Животот не се случува само пред екраните на мобилните телефони, поред таблетите или компјутерите. Претставите кои ќе бидат дел од првото издание на овој фестивал се: „Црвенкапа" од театарот од Велес, „Малиот Принц" од театарот „Сенки и облаци" од Скопје, „Заборавените кукли" од театарот од Битола и „Грдото пајче" од ТДМ од Скопје. Сите овие наслови се лектири во основно образование, рече Наумоска.

Од 19 часот во петок, на сцената од Народниот театар „Војдан Чернодрински" фестивалот ќе биде отворен со претставата „Црвенкапа" од театарот од Велес. В сабота на 1 јуни во 12 часот во киното „Мис Стон" ќе биде изведена претставата „Малиот Принц" на театарот „Сенки и облаци" од Скопје, а во центарот на градот, кај Саат кулата во 20 часот ќе биде прикажана претставата „Заборавените кукли" од театар Битола. В недела, на 2 јуни, од 19 часот во рпилепскиот театар „Војдан Чернодрински" Фестивалот ќе го затвори претставата „Грдото пајче" од Театар за деца и младинци од Скопје.

Театарскиот фестивалот за деца „Силјан штркот" ќе биде збогатен и со други содржини. Пред свеченото отворање во театар „Војдан Чернодрински", ќе се одржи забава за деца со „Lotus Lounge Chair", а специјална точка на отворањето на Фетивалот, ќе одржат учениците од трето и трето одделение од прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски – Јане" . Забава ќе има и в сабота, по завршувањето на преставата „Заборавените кукли" со групата „Тhe Four", а ќе се одржи и работилница: Театар на сенки.

Во татарскиот фестивал со изработка на цртежи се вклучен и децата од градинките „Наша иднина" кои за познатито лик Силјан Штркот изработија 97 цртежи. За целосниот дизајн на фестивалот се погрижи Анита Гајтаноска од „Lotus lounge chair".

– Децата биле секогаш моја главна инспирација. Во почетокот се вклучив само како спонзор, но подоцна бев вклучена и во организацискиот дел во поглед на визуелизација и дизајн на самиот настан. Од неколку предлози го избравме постојниот, блиску до штркот и блиску до пролетта, рече Гајтаноска.

Изработена е маскота со ликот на Силјан штркот. Ликовно решение кое го симболизира процесот на преобразбата на Силјан Штркот, од штрк во човек и обратно, е на Александар Џинго и на Бојана Мартиноска Трпческа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер