Прв случај на мпокс потврден во Косово - Канал 5

Прв случај на мпокс потврден во Косово

Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК) соопшти дека Лабораторијата за микробиологија го потврди првиот увезен случај на мпокс (поранешно име: мајмунски сипаници).

Прв случај на мпокс потврден во Косово

Случајот се однесува на маж (30 години), државјанин на Косово, кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести на УКЦК на 24.12.2024, по враќањето од западноафриканска земја, со симптоми како треска, осип на кожата на лицето и рацете и чешање – соопшти НИЈЗК. Пациентот е во стабилна здравствена состојба, се додава во соопштението.

НИЈЗК ги следеше сите контакти на пациентот и членовите на неговото семејство, на кои им беа дадени препораки за превентивни мерки и контрола на инфекцијата, изјавија од Институтот.

НИЈЗК ги предупредува граѓаните на внимателност, истакнувајќи дека заболените од Mpox обично имаат лесни до умерени симптоми кои траат од две до четири недели и целосно се опоравуваат.

Иако е потребна претпазливост, нема причина за паника, порачаа од Институтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ноле во стилот на Стеф Кари, „сипа“ тројки

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата , Србинот Новак Ѓоковиќ е активен и во пресрет на финалните натпревари од Светското првенство.

Видео: Ноле во стилот на Стеф Кари, „сипа“ тројки

Српскиот тенисер престојува во Америка, каде што присуствуваше на неколку интересни настани.

Организаторите ја искористија можноста и неговата подготвеност да се појави на разни случувања.

Меѓу другото, Новак Ѓоковиќ излезе на кошаркарскиот терен и покажа што умее.

Популарниот Ноле го зеде баскетот и во стилот на најдобриот тројкаш во НБА лигата Стеф Кари погоди три тројки по ред.

Видеото беше објавено на официјалниот профил на НБА на социјалната мрежа Инстаграм, по што почна масовно да се споделува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица

Црногорската полиција издаде итно соопштение по апсењето на Десингерица,родители, пријавете доколку имате информации!

Во Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица

Популарниот рапер на овие простори Драгомир Деспиќ – Десингерица е приведен во Црна Гора под сомнение за прекршување на Законот за странци, а по тој повод се огласи и локалната полиција.

- Полициските службеници од Одделението за безбедност во Бар, во соработка со инспекторите за странци, санкционираа три лица од Република Србија, меѓу кои и изведувачот Драгомир Деспиќ – Десингерица, поради прекршување на Законот за странци. Во ноќниот клуб во Сутоморе, каде што настапуваше Деспиќ, затекнати се 11 малолетници како консумираат алкохол, поради што надлежните инспекциски служби, покрај другите прекршоци, изрекоа парични казни во висина од 11.200 евра за правното лице и за одговорните лица, стои во соопштението од Црногорската полиција.

Во текот на ноќта на 18 јули 2026 година, од 02:00 до 03:00 часот, службеници од Одделението за безбедност во Бар извршиле контрола во угостителски објект – ноќен клуб во Сутоморе, при што три лица биле приведени во просториите на Одделението заради утврдување на идентитетот: изведувачот Драгомир Деспиќ Десингерица ), кој настапуваше во клубот, како и М.Ј. (24) и С.Љ. (33), сите државјани на Република Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%

СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот. .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Залудни се хистеричните обиди на СДС за креирање страв, паника и неизвесност кај граѓаните.

Прес-конференциите на СДС за создавање хистерија за наводни ценовни шокови, скапотија, банкрот на државата веќе никој не ги слуша.

Две години по ред викаат дека државата е во финансиски колапс и само што не банкротирала, но еве две години по ред Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како се консолидира економијата со континуиран раст на БДП од 3 или над 3%.

Вистината е дека СДС се тие што ја оставија државата на раб на банкрот, со ограбени институции и осиромашени граѓани кои за време на седумгодишното владеење ја плаќаа нивната неспособност со рекордна двоцифрена инфлација.

Оттука се поочигледно е дека СДС не можат да се помират со сегашните економски резултати и преземени мерки во време на енергетска криза кои цените ги држат под контрола, енергенсите со најниска цена од земјите во регионот, а инфлацијата на ниво од 3,4%.

Ако СДС сака да зборува за економија, цени и инфлација, добро е да зборува со бројки кои најдобро опишуваат како живеат граѓаните сега, а како до пред две години кога скапотијата рушење европски рекорди.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер