Прв штрајк во австралиската Еј-би-си по две децении: вработените бараат повисоки плати - Канал 5

Прв штрајк во австралиската Еј-би-си по две децении: вработените бараат повисоки плати

Стотици вработени во австралиската јавна радио-телевизија Еј-би-си (ABC) денеска стапија во еднодневен штрајк, прв во последните 20 години, поради незадоволство од платите и условите за работа.

Прв штрајк во австралиската Еј-би-си по две децении: вработените бараат повисоки плати

Програмата, од почетокот на индустриската акција во 11 часот по локално време, беше прекината и префрлена на емитување на британскиот Би-ви-си (BBC). Штрајкот следува по едномесечни преговори со управата и откога мнозинството вработени ја одбија последната понуда за зголемување на платите од десет отсто во следните три години заедно со додаток од 1.000 австралиски долари (речиси 700 американски) за постојано вработените.

Синдикатот ја одби понудата со образложение дека е помала од стапката на инфлација и не обезбедува соодветни услови за работа.

- Вработените се одлучија на овој чекор бидејќи сакаат праведна плата, која го следи растот на трошоците за живот, вистинска сигурност на вработувањето и услови што им овозможуваат со интегритет да продолжат да ѝ служат на австралиската јавност - изјави шефицата на синдикатот, Ерин Медли.

Директорот на Еј-би-си, Хју Маркс, штрајкот го оцени како „многу несреќен“ додавајќи дека ова не е вистинско време за прекин на работата со оглед на актуелните светски случувања тврдејќи дека понудата била „чесна и разумна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза!

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности.

✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план.

🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер