Прв сезонски пораз за Монако во Лига 1 - Канал 5

Прв сезонски пораз за Монако во Лига 1

Еден од кандидатите за освојување на шампионската титула во француската Лига 1, тимот на Монако синоќа го доживеа првиот пораз во шампионатот. На гостувањето кај Лил загуби со 2:0.

Прв сезонски пораз за Монако во Лига 1
За домаќинот оваа беше вкупно осма победа и се проби на второто место на табелата пред Монако, а зад шампионот ПСЖ.

Монако го доживеа и четвртиот пора на гостувањата кај Лил.

Двата гола на натпреварот ги постигна Нолан Ру во 27. и во 71.минута.

Јунак на натпреварот беше голманот на Лил, Винсент Ениејама, кој одбрани десетина удари кон неговиот гол.

На другите натпревари од 12.коло беа постигнати следниве резултати: Монпеље - Нант 1:1, Ница - Бордо 1:2, Ајачио - Валенсиен 1:3, Евиан - Тулуз 2:1, Олимпик Лион - Генгамп 2:0, Ремс - Бастија 4:2, Сошо - Сент Етиен 0:0, Рен - Олимпик Марсеј 1:1 и ПСЖ - Лориен 4:0.

Табела: ПСЖ 28 бодови, Лил 26, Монако 25, Нант 20, Олимпик Марсеј 18, Ремс 18, Сент Етиен 18,...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туск: „Нема да прифатиме таков договор“

Европските нации нема да дозволат САД и Русија да преговараат за нови безбедносни правила за европскиот континент без нивно учество, изјави полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка заедница во Даблин.

Туск: „Нема да прифатиме таков договор“

„Во никој случај нема да дозволиме некој да воспоставува нови безбедносни правила во овој дел од светот зад наш грб – зад грбот на Полска и Европа“, им рече Туск на новинарите, како што пренесува „TVP World“.

Тој нагласи дека новата безбедносна архитектура за Европа не може да се воспостави еднострано, врз основа на барањата на Москва или Вашингтон.

„Нема да градиме нова безбедносна архитектура само затоа што рускиот претседател, или, на пример, некој во САД, го сака тоа. Тоа воопшто не доаѓа предвид“, изјави полскиот премиер.

Неговата изјава доаѓа по извештајот на медиумот „Аксиос“, кој – повикувајќи се на два извори запознаени со разговорите – откри дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Москва да изнесе предлози за иден безбедносен договор што се однесува на Европа.

Според американскиот медиум, американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф побарале од руските претставници да ги изнесат своите безбедносни барања и да предложат мерки за деескалација на тензиите со европските земји, за време на преговорите за Украина што се одржаа во Абу Даби претходно оваа недела. Овие разговори, водени со американско посредување, завршија без конкретен договор.

Русија бара ограничување на присуството на НАТО

Веќе некое време, Русија се залага за ограничување на проширувањето на НАТО и намалување на западното воено присуство во Источна Европа – барања што Вашингтон претходно ги отфрли.

Туск предупреди дека секој потенцијален договор за нова безбедносна архитектура би бил од особено значење за Полска, која граничи со Украина и со руската Калининградска област.

Варшава е во состојба на висока готовност уште од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година и постојано ја обвинува Москва за саботажи и други непријателски активности.

Путин се согласува на европско учество

Во меѓувреме, американскиот пратеник Стив Виткоф во четвртокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил да дозволи учество на европски претставници во следната рунда преговори за Украина. „Европјаните ќе се приклучат на следниот состанок, што го сметаме за многу важен момент, бидејќи тие се наши партнери и за нас е важно да учествуваат“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Москва.

Доколку дојде до ова, тоа ќе биде првпат европски претставници директно да учествуваат во преговорите предводени од САД, откако Трамп, по враќањето во Белата куќа, покрена дипломатска иницијатива за ставање крај на војната во Украина. Туск истакна дека гледа единствен став меѓу земјите-членки на Европската унија во однос на потребата од европско вклучување во преговорите и зачувување на безбедноста на истокот од континентот.

Според него, секој мировен договор мора да гарантира зачувување на суверенитетот на Украина, како и на постојната безбедносна архитектура во Источна Европа.

„Можам со прилично голема сигурност да кажам дека не гледам никакви внатрешни поделби или пукнатини меѓу земјите од Европската унија“, рече Туск.

Сепак, тој призна дека дипломатските цели на Вашингтон може, до одреден степен, да се разликуваат од очекувањата на европските држави.

„Целите на американската дипломатија може донекаде да се разликуваат од она што го очекува Европа“, заклучи полскиот премиер.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,  денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

На денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град.

- Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Американската служба за имиграција и царина (ICE) депортирала 483.200 луѓе во текот на последната фискална година – што е најголем број во нејзината 23-годишна историја – соопшти денеска Министерството за внатрешна безбедност.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Бројот на депортации во фискалната година што заврши на 30 септември е за девет отсто поголем од претходниот рекорд од 442.640, поставен една година претходно, и за 78 отсто поголем отколку во 2024 година – последната година од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден – пренесе агенцијата АП.

Администрацијата на Доналд Трамп обезбеди дополнителни средства за персонал, центри за притвор и летови за депортација. Сепак, не беше обелоденето колку од депортираните имале криминално досие, ниту пак беше даден детален преглед на статистичките податоци.

Редовното објавување на податоците за апсењата и депортациите беше прекинато на почетокот на вториот мандат на Трамп.

Марк Р. Розенблум, соработник во Институтот за политика на миграција и поранешен функционер во Министерството за внатрешна безбедност, потврди дека „ICE“ бележи рекорден број апсења, но истакна дека недостигот на детални податоци оневозможува целосно разбирање на активностите на агенцијата.

Според податоците на „Проектот за истражување на депортациите“ (Deportation Research Project), само околу една четвртина од депортираните во јули имале правосилни пресуди за кривични дела, додека повеќе од половината немале ниту покренато обвиненија – и покрај ветувањето на Трамп дека неговата политика ќе биде насочена кон мигрантите кои извршиле кривични дела. Имиграциската политика на Трамп предизвика протести, особено откако претходно оваа година повеќе од 2.000 федерални агенти беа распоредени во Минеаполис.

Двајца американски државјани – Рене Гуд и Алекс Прити, двајцата на 37-годишна возраст – починаа за време на судири со агентите, што ја натера администрацијата да се откаже од операциите што привлекуваа големо внимание во јавноста.

Бројот на депортации останува под целта на Белата куќа од еден милион годишно.

Најголемиот број депортации во историјата на САД е забележан во 1954 година, за време на кампањата на претседателот Двајт Ајзенхауер против илегалните имигранти од Мексико, кога 1,1 милион луѓе беа отстранети од земјата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер