Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“ - Канал 5

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Пред собранието прв протестен марш на родителите на загинатите од трагедијата во Кочани.

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Со транспаренти и слики од своите деца, семејствата на загинатите во кочанската трагедија денеска за прв пат на протестен марш во Скопје.

Маршот го следи Елизабета Дамјановска Спасеноска, на маршот излегоа и претставници на политичките партии, кои се главните пораки?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Дезинсекција против комарци во Куманово

 Денеска ќе се спроведе втор третман на ларвицидна дезинсекција за уништување на ларвите на комарците и прв третман на терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци на територија, информираа од Општина Куманово. 

Дезинсекција против комарци во Куманово

Третманот ќе се спроведе на неколку подрачја на територија на Општина Куманово, онаму каде има застоена водни површини, кои постојат во текот на целата сезона или подолг временски период: погон кај воени објекти (поранешен „Југ Турист“), трски на пат кон село Речица, по течение на реките Липковка, Којнарка и Кумановка, покрај река Пчиња, локалитет Визиана, месноста Бара, населбата Карпош, месноста Одзирон (пречистителна станица на ЈП „Водовод“), како и други локации, на кои има застоена водни површини.

-При извршување на третманот ќе се користи препарат BIOPREN 4GR со активна материја S-METHOPRENE. Паралелно во истиот термин, ќе се спроведе и прв третман на терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци на територија на Општина Куманово. При извршување на дезинсекцијата ќе се користи препарат AQVA KOTHRINE со активна материја DELTAMETHRINE, информираа од општината.

Општината за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари одвои над 1, 2 милиони денари. Општината склучи договор со компанија од Куманово. Градот склучи договор и спроведе јавна набавака за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, за што одвои скоро два милиони денари.

Руте: Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерска позиција за Украина

 Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерска позиција за Украина, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред денешниот заеднички состанок на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите-членки од ЕУ.

Руте: Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерска позиција за Украина

Тој наведе дека „тоа што го прават Американците е многу важно“.

- До јануари оваа година немаше разговори со Русите. Драго ми е што претседателот Доналд Трамп го скрши мразот и ја презеде лидерската улога, му честитам за тоа, наведе Руте.

Според него, САД ги координираат своите активности со европските партнери. Добар знак е што синоќа имаше разговор (помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин), а веднаш потоа Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со европските лидери, истакна Руте.

Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море

Русија ослободи нафтен танкер кој беше задржан завчера во нејзините води откако напуштил естонското пристаниште, а бродот го продолжи патувањето кон холандското пристаниште Ротердам, објави естонскиот јавен сервис ЕРР.

Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море

Танкерот „Грин Адмајр“ (Green Admire) во сопственост на Грција беше во Балтичкото Море, а крајната цел му беше Ротердам, покажаа податоците за следење бродови.

Бродот го напуштил пристаништето Силамае во Естонија, користејќи означен навигациски канал кој минува низ руски територијални води, по што беше задржан, соопшти Министерството за надворешни работи на Естонија во неделата.

Естонскиот министер за надворешни работи рече дека акцијата на Русија против „Грин Адмајр“ веројатно била одговор на кампањата на естонската морнарица која има за цел да ги контролира танкерите кои превезуваат милиони барели руска нафта низ Балтичкото Море.

притисни ентер