Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција - Канал 5

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

 Надежите на ПСЖ дека ќе ја заврши актуелната сезона во француското фудбалско првенство без пораз завршија, откако синоќа претрпе шокантен пораз од Ница на домашен терен со 3-1.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

Гостите поведоа преку Морган Сансон (34 минута), а Фабијан Руиз до крајот на полувремето израмни за ПСЖ (41), но Ница во продолжението постигна два гола преку Сансон (46) и Јусуф Ндајишимије (70).

Со ова заврши серијата на ПСЖ од 30 натпревари без пораз во француското првенство, во кое клубот од Париз веќе ја одбрани шампионската титула.

Пораз од Ница за составот предводен од Луис Енрике доаѓа пред полуфиналниот дуел против Арсенал во вторник во Лигата на шампиони. /МИА

Во наредните денови промеливо време со дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме

 Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. 

Во наредните денови промеливо време со дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме

Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, особено утре и во деновите од викендот.

Во Скопје, утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината повремено ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења граѓаните да се повнимателни, да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

ММФ почна нова ревизија на програмата за помош на Украина вредна 15,5 милијарди долари

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) почна нова ревизија на четиригодишната програма за помош на Украина, вредна 15,5 милијарди долари, договорена во 2023 година.

ММФ почна нова ревизија на програмата за помош на Украина вредна 15,5 милијарди долари

Станува збор за осми преглед на користењето на средствата од програмата Extended Fund Facility (EFF), која е осмислена да ги стабилизира украинските јавни финансии, тешко погодени од руската инвазија, и да обезбеди гаранција на меѓународните сојузници дека Украина спроведува одговорни економски политики и се бори против корупцијата.

- Таа програма за нас останува клучен елемент на отпорноста, особено во овие времиња, рече гувернерот на Украинската народна банка, Андриј Пишниј.

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, украинската економија претрпе огромни штети: милиони луѓе избегаа, градови и инфраструктура се уништени, а синџирите на снабдување се прекинати.

Во првата година од војната, украинскиот БДП падна за речиси 30 проценти.

Иако економијата сè уште не се врати на нивоата пред кризата, забележан е скромен раст во текот на 2023 и 2024 година.

Целта на редовните ревизии на ММФ е да се осигури дека Украина ја задржува макроекономската стабилност и дека средствата се користат транспарентно, во согласност со поставените цели.

Рафиња ќе потпише нов договор со Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за иднината на играчот од средниот ред на тимот Рафиња.

Рафиња ќе потпише нов договор со Барселона

- Ќе има нов договор за Рафиња. Фудбалерот се чувствува многу вклучен во проектот. Ќе постигнеме договор затоа што сакаме тој да остане, а исто така и тој има желба да продолжи со нас, изјави Лапорта.

Дваесет и осумгодишниот Бразилец оваа сезона одигра 56 натпревари, постигна 34 гола и 25 асистенции. Неговиот актуелен договор со Каталонците истекува во летото 2027.

Порталот „Трансфермаркт“ пазарната вредност на фудбалерот ја проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер