ЗабаваПрв пливачки маратон во Преспа Во водите на Преспанското Езеро денеска се одржува првиот пливачки маратон „Преспа 2021", во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит од Охрид", со поддршка на Општина Ресен .Повеќе од 50 учесници во две категории, тргнаа од стартната позиција, од плажата „Цоца" во Сливница, а успешно натпреварување и мирно езеро им посака градоначалниот на Општина Ресен Живко Гошаревски. – Душата ми се полни што после толку години, во соработка со здружението „Акваспирит"- Охрид, успеавме да го организираме првиот пливачки маратон „Преспа 2021" во водите на нашето Преспанско Езеро. Искрено се надевам дека овој настан, ќе прерасне во традиција и сите заедно ќе ја испишуваме новата историја во пливачките спортови во Преспа, рече Гошаревски. Патеката е во форма на четириаголник со страни 200 на 50 метри и се плива кружно обратно од стрелките на часовникот. Во првата категорија се натпреваруваат деца од 9 до 13 години на 1.800 метри и од 14 години па нагоре на 2.5 километри во машка и женска конкуренција. За победниците во сите возрасни категории предвидени се медали и подароци од спонзорите, како и пехари и парични награди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групиВо врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДа бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии. Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години. Потребни сер 6.000 евра. Сите кои се во можност можат да донираат на: 143 482 за корисници на А1. 143 109 за корисници на Телеком. Халк Банка: 270 700 122 675 849 Примач: Марко Џолевски НЛБ Банка: 210 501 786 673 895 Примач: Марко Џолевски. Тагови: хуманитарна акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook