ЖивотПрв пат се снимени риби на рекордна морска длабочина од 8336 метри (ВИДЕО)Заедничката јапонско-австралиска научна експедиција за прв пат забележала специфичен вид риба на длабочина поголема од осум илјади метри.Тоа е нов рекорд кога станува збор за риба на големи длабочини бидејќи ја надминала старата за 158 метри. Станува збор за вид риби од родот Pseudoliparis и фамилијата Liparidae, снимен како плива на длабочина од 8.336 метри, изјави водачот на експедицијата професор Алан Џејмисон. Пред ова откритие, на 15 август минатата година, научниците забележале сличен вид на длабочина од 8.178 метри во Маријанскиот Ров. Долго време се веруваше дека рибите не можат да преживеат на длабочини од 8200 до 8400 метри, поради притисокот. Џејмисон објасни дека заедно со снимките, научниците успеале и физички да фатат два примероци во стапица на длабочина од 8022 метри во Јапонскиот ров, јужно од Јапонија, и да постават уште еден рекорд - оној за улов во најдлабоките морски води. Двомесечната експедиција била предводена од научници од Универзитетот во Западна Австралија (UWA) и експерти од Универзитетот за морски науки во Токио. Велат дека се уште не се знае точно колкава е рибата, но досега е забележано дека овој вид може да достигне должина од околу 11 сантиметри. Во видеото може да се види дека рибата има млечно бела боја, перките се полупроѕирни, а телото изгледа како да е покриено со мека желатинозна маса, пишуваат јапонските медиуми. „Јапонските океански ровови се неверојатни места за истражување, тие се многу богати со живот, дури и на самото дно“, рече Џејмисон, основач на Центарот за истражување на длабочините на море Minderoo-UWA. „Веќе две или три години предупредуваме дека длабокото море е прилично страшно место. Но, не го цениме доволно фактот дека во основа го сочинува најголемиот дел од планетата Земја и дека треба да се обидеме да проучуваме и разбереме и да дознаеме како функционира и како е под влијание на луѓето“, рече Џејмисон. Scientists have set a new record for the deepest fish ever caught on camera - as well as the deepest catch ever made. The juvenile fish - a type of snailfish - was filmed swimming at 8,336m in the Izu-Ogasawara Trench, south of Japan More: https://t.co/EhcKIMXLW4 pic.twitter.com/CqtXDLHg93 — Sky News (@SkyNews) April 3, 2023 Шефот на јапонскиот тим на научници Др. Китазато Хироши рече дека е неверојатно искуство да се открие риба на длабочина од повеќе од 8000 метри под површината на океанот. Тој додаде дека експертите сега имаат податоци кои ќе им помогнат да истражат како рибите можат физиолошки да се прилагодат на таква екстремна средина. Научниците снимаат во океанските ровови во близина на Јапонија како дел од десетгодишното истражување на најдлабоките популации на риби во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 16. август 2026 година Дневен хороскоп за недела, 16. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка . Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувтсвувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Сѐ што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Шоу бизФото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.Популарната босанка пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците. Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено. Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд. Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикиниНајдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен. Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи. На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето. На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21