3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЗдравјеПрв пат откриена микропластика наталожена во витални органи на луѓето Откако откриле дека микропластиката се инфилтрирала во сите делови на нашиот свет - океаните, земјата, воздухот и храната – откриени се мали траги од пластика во човечка столица.Научниците неодамна откриле присуство на овие ситни честички и во внатрешните човечки органи и ткивото. Тим од американски научници кои ги проучувале човечките органи откриле микропластична контаминација кај сите 47 испитани примероци, соопшти денеска Американското хемиско друштво, додавајќи дека ова е прва студија од ваков вид. Нивната студија следеше по онаа спроведена во 2018 година на Медицинскиот универзитет во Виена, кога микропластика беше откриена во столиците на сите осум учесници во студијата кои претходно консумирале храна спакувана во пластична амбалажа или пиеле од пластични шишиња. Во една неодамнешна студија, научниците откриле микропластика и нанопластика во примероци земени од белите дробови, црниот дроб, слезината и бубрезите - органи кои веројатно биле изложени и можат да филтрираат или „привлечат“ такви ситни честички. Откриле десетици видови пластични компоненти, вклучително и полиетилен што се користи за правење пластични кеси и полиетилен терефталат (ПЕТ) што се користи за правење пластични шишиња. Бисфенол А (БПА), хемикалија која се користи за правење амбалажа за храна, исто така е пронајдена во сите 47 примероци, и покрај тоа што експертите одамна предупредуваат за неговата опасност по здравјето на луѓето. "Микропластиката и нанопластиката што ја загадува околината може да се најде на скоро секоја локација во светот. За само неколку децении користење на пластика, сфативме дека правиме повеќе штета отколку добро и денес можеме да сметаме како закана за животната средина и здравјето на луѓето и животните". рече Чарлс Ролски, кој ги претстави резултатите од студијата на состанокот на членовите на американското хемиско друштво. Експертите предупредуваат дека денес микропластиката и нанопластиката од користените пластични кеси или шишиња за пиење ја загадуваат околината во секој агол на светот. Студиите за животни ја поврзаа изложеноста на ситни пластични честички со неплодност, развој на воспаленија и карциноми. Научниците велат дека последиците по здравјето на луѓето досега биле недоволно истражени и сè уште не се познати. „Не сакаме да правиме паника, но загрижувачки факт е дека сите неразградливи материјали што ги има насекаде може да влезат во човечките органи и ткива и да се населат таму. Ние сè уште не сме свесни за потенцијално штетниот ефект врз здравјето на луѓето“, рече Варун Келкар, докторант на биохемија на Универзитетот во Аризона, кој учествувал во истражувањето. „Откако ќе се добие подобра претстава за тоа што се акумулирало во човечкото ткиво, ќе можеме да спроведеме епидемиолошки студии кои ќе ни овозможат да го процениме влијанието на депонираната нанопластика врз здравјето на луѓето“, рече тој, истакнувајќи дека ова е прва студија која го испитува присуството на траги од неразградлива пластика во донаторските органи. Според Европската комисија, која забранува употреба на пластика за еднократна употреба, како што се пластични плочи, сламки и пластични чаши во сите земји на ЕУ, повеќе од 80 проценти од морското дно е прекриено со пластика. Иако постојат индикации дека пластичните хемикалии можат да ги оштетат органите за варење или да го поттикнат развојот на воспаленијата, научниците велат дека се потребни дополнителни студии за да се процени ризикот со целосна сигурност што им го носи на луѓето. Некои претходни истражувања откриле микропластика во дигестивниот систем на животните и во нивната крв, лимфа и црн дроб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter