ЗабаваПрв пат на насловната страница на Плејбој се појави геј маж: Ова е историски момент (ФОТО)Инфлуенсерот Бретман Рок е првиот геј маж на насловната страница на списанието Плејбој, пишува Ен -Би -Си.Списанието објави на својот официјален Инстаграм како изгледа најновата дигитална насловна страница со Бретман. Инфлуенсерот позира во корсет, најлонки и чевли со потпетици. Тој исто така носи црна машничка, бели манжетни и зајачки уши и опашка. „Ова е историско“, „Апсолутно те поддржувам“, „Ги смени правилата и го отвори патот за многу други“, рекоа следбениците на Бретман во коментарите на социјалната мрежа. Но, имало и такви кои не биел воодушевени од неговиот изглед на насловната страница на популарното списание. "Каде отиде овој свет ...", "Зошто мажите проклето сакаат да бидат жени? Ова не беше порано Плејбој", "Последниот пат кога проверив, Плејбој беше за хетеросексуални мажи. Лоша одлука", се само некои од коментарите на следбениците. View this post on Instagram A post shared by Playboy (@playboy) Патем, Бретман стана познат по своите видеа за шминка. Има повеќе од 17 милиони следбеници на Инстаграм, а Тајм го прогласи за еден од 30 -те највлијателни тинејџери во 2017 година. Пред две години, тој бил на насловната страница на списанието „Геј тајмс“. Бретман, исто така, лансирал своја линија за убавина и добил свое шоу на МТВ. Покрај тоа, Рок е активист за ЛГБТК заедницата. View this post on Instagram A post shared by Bretman (Da Baddest) Rock (@bretmanrock) Бретман е третиот маж кој сам ја освои насловната страница на Плејбој. Пред него, основачот на списанието Хју Хефнер се појавил на насловната страница, и тоа дури во 2017 година, што беше еден вид чест по неговата смрт. Музичарот Бад Бани минатата година се појави на дигиталната насловна страница на Плејбој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook