ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
2Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
3 Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис
Други спортовиПрв медал за Македонија на Светското универзитетско првенство во Бразилија Стефан Стојановиќ ( Макпетрол) , освои Бронзен медал.Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал уште на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв. Стојановиќ беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во последните секунди од мечот, пропуштајќи голема можност да се бори за златниот медал. Сепак, освоеното одличје претставува значаен успех за македонскиот универзитетски спорт и силен поттик за продолжението на шампионатот. Од друга страна, најголемата спортска драма ја доживеа Викторија Јовановска во категоријата -68 кг. По серија квалитетни настапи, таа во борбата за бронзен медал беше поразена од претставничката на Иран со минимални 5:4. Резултатот говори дека нијанси го решиле победникот, а Јовановска остана без заслужено одличје и покрај борбеноста и квалитетниот настап. Токму ваквите порази најмногу болат, бидејќи разликата меѓу медал и пласман останува само еден поен. Добар впечаток остави и дебитантот во репрезентацијата Греса Мустафаи. Со освоениот прв медал и неколкуте пласмани во завршницата, Македонија покажа дека има каратисти способни да се носат со најсилната светска студентска конкуренција. Очекувањата остануваат високи и во преостанатите денови од шампионатот. За време на елиминациите и на свеченото дефиле на отварањето на Светското универзитетско првенство во Бразилија, со нашите репрезентативци беше и нашиот Амбасадор во Бразил, Игор Попов и првиот секретар во Македонската амбасада Маријан Бартон. Светско универзитетско првенство резултати: +84 кг Група 4 Стефан Стојановиќ – Фин Малиска (Германија) 5-0 Стефан Стојановиќ – Кадир Фуркан Генч (Турција) 6-5 Стефан Стојанович – Беласли Набил (Франција) 2-1 Стефан Стојановиќ – Кадир Фуркан Генч (Турција) 2-4 61 кг Викторија Јовановска – Иман Еја (Белгија) 3-2 Викторија Јовановска – Марлене Линдштед (Германија) 5-0 Викториа Јовановска – Ноурсобни Фарноуш (Иран) 4-5 +68 кг Група 1 Греса Мустафаи – Ирене Фернандез Перез (Шпанија) 0-8 Греса Мустафаи – Валентина Софија Флорес Колиманке 3-1 (Чиле) Греса Мустафаи – Изабел Лили Висер (Јужна Африка) 7-0 Греса Мустафаи – Махбоб Башари (Иран) 0-5 Утре , настапуваат уште пет каратисти , а во среда се екипните борби, додека во четврток се мечевите за медали. На шампионатот учествуваат 1.500 студенти-спортисти од 50 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.Тагови: Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Ноле во стилот на Стеф Кари, „сипа“ тројкиНајтрофејниот свтески тенисер во историјата , Србинот Новак Ѓоковиќ е активен и во пресрет на финалните натпревари од Светското првенство.Српскиот тенисер престојува во Америка, каде што присуствуваше на неколку интересни настани. Организаторите ја искористија можноста и неговата подготвеност да се појави на разни случувања. Меѓу другото, Новак Ѓоковиќ излезе на кошаркарскиот терен и покажа што умее. Популарниот Ноле го зеде баскетот и во стилот на најдобриот тројкаш во НБА лигата Стеф Кари погоди три тројки по ред. Tennis star Novak Djokovic hits 3 straight 3-pointers at @FanaticsFest 👌 pic.twitter.com/SdJuOWBhIE — NBA (@NBA) July 18, 2026 Видеото беше објавено на официјалниот профил на НБА на социјалната мрежа Инстаграм, по што почна масовно да се споделува.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица Црногорската полиција издаде итно соопштение по апсењето на Десингерица,родители, пријавете доколку имате информации!Популарниот рапер на овие простори Драгомир Деспиќ – Десингерица е приведен во Црна Гора под сомнение за прекршување на Законот за странци, а по тој повод се огласи и локалната полиција. - Полициските службеници од Одделението за безбедност во Бар, во соработка со инспекторите за странци, санкционираа три лица од Република Србија, меѓу кои и изведувачот Драгомир Деспиќ – Десингерица, поради прекршување на Законот за странци. Во ноќниот клуб во Сутоморе, каде што настапуваше Деспиќ, затекнати се 11 малолетници како консумираат алкохол, поради што надлежните инспекциски служби, покрај другите прекршоци, изрекоа парични казни во висина од 11.200 евра за правното лице и за одговорните лица, стои во соопштението од Црногорската полиција. Во текот на ноќта на 18 јули 2026 година, од 02:00 до 03:00 часот, службеници од Одделението за безбедност во Бар извршиле контрола во угостителски објект – ноќен клуб во Сутоморе, при што три лица биле приведени во просториите на Одделението заради утврдување на идентитетот: изведувачот Драгомир Деспиќ Десингерица ), кој настапуваше во клубот, како и М.Ј. (24) и С.Љ. (33), сите државјани на Република Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот. .РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Залудни се хистеричните обиди на СДС за креирање страв, паника и неизвесност кај граѓаните. Прес-конференциите на СДС за создавање хистерија за наводни ценовни шокови, скапотија, банкрот на државата веќе никој не ги слуша. Две години по ред викаат дека државата е во финансиски колапс и само што не банкротирала, но еве две години по ред Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како се консолидира економијата со континуиран раст на БДП од 3 или над 3%. Вистината е дека СДС се тие што ја оставија државата на раб на банкрот, со ограбени институции и осиромашени граѓани кои за време на седумгодишното владеење ја плаќаа нивната неспособност со рекордна двоцифрена инфлација. Оттука се поочигледно е дека СДС не можат да се помират со сегашните економски резултати и преземени мерки во време на енергетска криза кои цените ги држат под контрола, енергенсите со најниска цена од земјите во регионот, а инфлацијата на ниво од 3,4%. Ако СДС сака да зборува за економија, цени и инфлација, добро е да зборува со бројки кои најдобро опишуваат како живеат граѓаните сега, а како до пред две години кога скапотијата рушење европски рекорди. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook