Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
КултураПрв концерт на Филхармонијата во 2018-та, гостува пијанистот Даниел Харитонов Првиот концерт на Македонската филхармонија во 2018 година, вечер од 20 часот, е насловен „Лауреати“ и ќе го води диригентот од Русија Даниел Рајскин, а како солист ќе настапи младиот виртуоз на пијаното, Даниел Харитонов.За македонската публика Харитонов ќе го изведе популарниот и раскошен Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Франц Лист. На програмата вечер се и атрактивната увертира „Карневал“ од Антонин Дворжак, како и славната Симфонија бр. 2 од Јан Сибелиус. Пијанистот Даниел Харитонов е роден во рускиот град Јужно-Сахалинск. Неговиот талент е препознаен на 15. Меѓународен натпревар „Чајковски“ во 2015 година кога имал само 16 години. - Тогаш, како најмлад учесник, неговата триумфална изведба ќе му ја донесе третата награда. Но, публиката ќе биде одушевена од неговиот настап и тој ќе го понесе епитетот „чудо од дете“, а ќе биде наречен и виртуоз со извонредна техника и искрена интерпретација. Ќе го именуваат и како „откритие на 15. натпревар ‘Чајковски’“ и од тогаш неговата кариера рапидно расте, настапувајќи со престижни оркестри и врвни диригенти, соопшти Филхармонијата. Во јануари ќе има уште два симфониски концерта - на 25-ти е концертот „Моцартовите перипетии“ со диригентот Михал Нестерович од Полска, и на 31 јануари - концертот „Апотеоза“ под диригентство на Борјан Цанев, на кој солист ќе биде црногорскиот виолинист со меѓународна кариера Роман Симовиќ. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАлбански ријалити учесник е претепан среде улица во Тирана од толпа млади луѓе (ВИДЕО)Веќе неколку дена на социјалните мрежи кружат видеа од бандитско насилство врз поранешниот учесник во реалното шоу „Запознајте“, Едуард Кучи.На видеото се гледа пејачот Јозефин Марку со неколку други лица. Користејќи полициски знак, тие му сигнализирале на Едуард Кучи да го запре својот Мекларен. Откако тој го запрел автомобилот, го извлекле од возилото и физички го нападнале. Во врска со овој случај, извори блиски до Полициската управа во Тирана потврдија за Топ ченел дека се покренати истражни и процедурални дејствија. Во текот на досегашната истрага, утврдено е дека видеото е снимено во Тирана, во близина на надвозникот Ринас. Запленети се и снимки од безбедносните камери од областа, а се работи и на идентификација на лицата што се појавуваат на видеото. Според најновиот извештај на Топ ченел, полицијата во меѓувреме го привела Јозефин Марку и уште едно лице. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%.Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо. Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти. Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно. Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот. А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа. Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти. Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти. Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти. Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор. Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места. И има уште еден многу важен податок. Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%. Почитувани граѓани, Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните. Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува. Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување. Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти. Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи. И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
СветПретставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина? Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07