Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Каунас, Литванија
2Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Каунас, Литванија
Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
ЗабаваПрв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје, денеска ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“.На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје, денеска ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“, со 12-часовна програма исполнета со забавни и едукативни содржини за деца и возрасни, како и за нивните миленици. Целта на настанот е да се подигне јавната свест за чување миленик, љубовта кон животните и одговорното сопствеништво. Во разговор за МИА организаторот на фестивалот, Илија Петковски вели дека милениците. имаат се поважна улога во градењето на стабилноста и хармонијата во домот, бидејќи тие им овозможуваат на децата уште од најрана возраст да научат хириеархија, другарство, споделување, игра и секако подобрување на имунитетот. - Настанот има за цел пред се да ги доближи милениците во нивната разноличност како крзнени, така и водни, крилести или „пајачести”, вели Петковски и додава дека така децата ќе ги запознаат, можеби засакаат, но пред се ќе дознаат за одговорностите кои следат при чувањето на миленик. Од исклучителна важност е, вели Петковски, да се направи вистински избор пред да се внесе миленик во домот, бидејќи секогаш е подобро да нема миленик во домот, отколку тој да биде несоодветно третиран. - Интересен е фактот што во некои домови во Македонија се чуваат неверојатно убави расни примероци, кои уживаат во статусот миленик и не се натпреваруваат на изложби, но сепак трендот е во корист на мешаните кучиња, како што е мојот пример. Ние дома имаме две, вели Петковски. Во склоп на целодневната програма, децата ќе имаат можност да се информираат преку непосреден контакт со лица чии професии се фризер за миленици, одгледувач, дресер, зоонегувател, како и со претставници од организацијата Македонско еколошко друштво. Исто така ќе бидат запознаени со невообичаените проекти на Средното ветеринарно училиште. Додека пак, децата од најмладата возраст ќе имаат можност да се информираат преку едукативното и забавно ликовно катче. „Пет фест Скопје” оди во насока да не биде секогаш главна тема вдомувањето на милениците, туку реалното прикажување на сите аспекти од „пет сферата”, како што се одговорностите при чувањето, нивниот избор, како и поедноставувањето при чувањето на миленик. - Монополизацијата на вдомувањето како респектабилна тема сакавме да ја прикажеме преку поинаква призма, со тоа што на граѓаните ќе им ги доближиме сите аспекти од светот на милениците, заклучи организаторот на првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје”. Фестивалот завршува со проекција на македонскиот филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ и диџеј сетот на Соња Исмаил. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА свика итен состанок поради потезите на ФИФА и ИнфантиноЕвропската куќа на фудбалот, УЕФА денеска ќе одржи вонреден состанок за да добие првичен одговор на контроверзниот план на ФИФА и нејзиниот претседател Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство.Европската куќа на фудбалот, УЕФА денеска ќе одржи вонреден состанок за да добие првичен одговор на контроверзниот план на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на приватни инвеститори. Според британските медиуми, ФИФА испратила писмо до сите свои членови во кое бара од нив да се изјаснат дали го прифаќаат предлогот до 19 септември. Федерациите што го поддржуваат планот треба веднаш да ја добијат првата уплата од 20 милиони долари од вкупниот пакет вреден 40 милиони долари. УЕФА остро реагираше, велејќи дека овој потег покажува „сè што треба да се знае за овој план“, откако претходно изјави дека ФИФА „преминала црвена линија“. Голем број национални сојузи, вклучително и Фудбалскиот сојуз на Англија, се незадоволни бидејќи за предлогот дознале само преку медиумите. Според Би-би-си, планот предвидува продажба на удел од 20 отсто во натпреварувањата на ФИФА на инвестицискиот фонд „Thrive Eternal“, зад кој стои американскиот инвеститор Џошуа Кушнер. Ставот на противење кон УЕФА го делат азиската, јужноамериканската, како и северноамериканската и централноамериканската конфедерација, додека некои сојузи сметаат дека предлогот би можел да донесе финансиски придобивки за помалите фудбалски земји. Од ФИФА велат дека целта на проектот е обезбедување дополнителни средства за развој на фудбалот ширум светот – од изградба на инфраструктура и зајакнување на националните тимови, до инвестирање во младинскиот и женскиот фудбал. „Ова е можност, а не обврска. Сакаме да го забрзаме развојот на фудбалот на глобално ниво“, изјави Инфантино. Сепак, реакциите на фудбалската јавност се претежно негативни. Асоцијацијата на европски лиги оцени дека „Светското првенство не е на продажба“, додека фудбалскиот сојуз ФИФПРО предупреди дека вклучувањето на приватен капитал може трајно да го промени начинот на кој функционира најважното фудбалско натпреварување. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, го обвини Инфантино дека со овој потег се обидува да обезбеди поддршка пред следниот Конгрес на ФИФА, додека потпретседателот на Германската фудбалска асоцијација, Ханс-Јоаким Ваке, го нарече планот „директен напад врз фудбалот“. Се очекува одлуките на вонредниот состанок на УЕФА да имаат големо влијание врз понатамошниот развој на настаните и иднината на Светското првенство.Тагови: УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проектиРебалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти.Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Точно, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП. Но поважно е каде одат дополнителните средства. Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти. Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари. СДС повторно се обидува да ја сведе дебатата на една бројка, дефицитот. Но граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина. Секој денар од дополнителниот фискален простор е насочен кон инвестиции што создаваат работни места, ја движат економијата и оставаат трајна вредност. Тоа е одговорна економска политика, а не популизам. Тоа не се бројки на хартија. Тоа се нови патишта, железничка инфраструктура, водоводи, канализации, училишта, градинки, здравствени установи, проекти за животната средина и инвестиции во општините. Разликата е едноставна. ВМРО-ДПМНЕ зборува за тоа што ќе се изгради, додека во минатото СДС и ДУИ потрошија милионски буџети од кои граѓаните не видоа ништо. СДС нема ниту еден предлог како да се забрза развојот. Единствено што нуди е ширење страв и манипулација. Граѓаните не живеат од политички прес-конференции на СДС. Живеат од подобри патишта, поквалитетни училишта, модерни болници, сигурно водоснабдување и нови инвестиции. Токму тоа го обезбедува овој ребаланс. Овој ребаланс ќе се мери по завршените проекти, а не по прес-конференциите на СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Каунас, ЛитванијаНа јубилејната 10-та по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2026), која од 24-ти до 30-ти јули се одржува во Каунас, Литванија, младите македонски информатичари повторно остварија значаен меѓународен успех. Во силна конкуренција на најталентираните ученици од Европа и пошироко, нашиот Зоран Илијоски од Кичево освои бронзен медал, а професорот Миле Јованов беше избран за претставник во управувачкиот комитет на олимпијадата. Македонија на ова престижно меѓународно натпреварување беше претставена од тим составен од четворица натпреварувачи: Зоран Илијоски, Јаков Грујовски, Иан Стевков и Панче Бансколиев. Тим-лидери на македонската делегација беа д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Учениците кои ја претставуваа Македонија на ЕЈОИ 2026 беа избрани преку целогодишниот циклус натпревари што традиционално го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а кој оваа година се одржа по 37-ми пат. Натпреварите се реализираат преку системот mendo.mk, кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани ученици. И годинава циклусот беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и на неколку општествено одговорни компании кои континуирано го поддржуваат развојот на младите информатичари: Сорсикс, Нетцетера и Семос Едукација. Европската јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ) претставува едно од најзначајните меѓународни натпреварувања во алгоритамско програмирање за ученици до 15,5 години. Секоја земја-учесник на ЕЈОИ учествува со тим составен од 4 натпреварувачи, тим-лидер и заменик лидер. Натпреварувачите решаваат комплексни алгоритамски задачи во текот на два натпреварувачки дена, при што се оценуваат нивните способности за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и имплементација на ефикасни програмски решенија. На ЕЈОИ 2026 учествуваа вкупно 100 ученици од 25 европски земји. Годинешното издание на олимпијадата се одржа во Каунас, Литванија, но за прв пат во историјата како коорганизација на две земји: Литванија и Украина. Вкупен победник на натпреварот со освоен златен медал беше Андреј Немцишор од Романија. Освоениот бронзен медал претставува продолжување на континуитетот на успешни настапи на македонските ученици на најпрестижните меѓународни олимпијади по информатика. Особено охрабрува фактот што Зоран Илијоски беше на само триесетина поени од освојување на сребрен медал, што дополнително ја потврдува конкурентноста на македонските ученици во европски рамки. Следната, 11-та по ред, Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2027) ќе се одржи идната година во Казахстан. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), која ќе се одржи од 9-ти до 16-ти август во Ташкент, Узбекистан.Тагови: информатика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55