Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
2Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар
ЗабаваПрв до врв: Виртуелна есенска трка во трчањеВо согласност со најновите заострени мерки на Владата и Комисијата за заразни болести, трката Есенска 5К, која требаше да се одржи на 31 октомври, ќе се одржи во формат и времетраење прилагодени на околностите предизвикани од здравствената криза.Организаторот на виртуелната трка Здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје инфмормира дека наместо масовна трка на 5 километри во еден ден, трката ќе трае цел месец и ќе се состои од два дела. Првиот, т.н. виртуелни квалификации, во кои учесниците почнувајќи од 31 октомври па се до 25 ноември, ќе се натпреваруваат преку свои индивидуални активности во трчање на 5 километри, а чии резултати ќе ги споделуваат во виртуелната платформа на ПРВ ДО ВРВ. Вториот дел, ќе биде реална финална трка со најдобрите петмина од виртуелните квалификации и ќе се случи на 29 ноември. Овој изнуден модел има и свои предности, а пред се, што сега во трката ќе можат да учествуваат и натпреварувачи од цела Македонија, ќе можат да учествуваат за време на виртуелните квалификации со неограничен број на активности, а најдобриот резултат ќе им биде земен предвид при рангирањето итн. Но пред се, ваквиот формат на трка во преден план ги става заштитата на учесниците од зараза и е во склад со пропишаните мерки за спречување на ширењето на вирусот. Сите пријавени учесници за трката, автоматски се пренесуваат во виртуелната трка, а сите оние кои го испуштија рокот за пријавување, сега можат да се приклучат кон натпреварот и можат да се пријават најдоцна до 15 ноември преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Мерењето на времето е со користење на бесплатната апликација Strava, чии податоци ав-томатски се преземаат од платформата на Прв до врв. Секој учесник може да оствари по-веќе активности, во било кое време во деновите додека трае трката, а најдобриот резул-тат ќе биде земен предвид при рангирањето. Најбрзите тројца во машка и женска конкуренција на финалето кое ќе се одржи во Скопје на 29 ноември, ќе бидат наградени со златен, сребрен и бронзен медал, како и парични награди од 3000, 2000 и 1000 денари. Трката е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје. ПРВ ДО ВРВКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степенОд утре повторно температури од 40 степени, за два степени потопло од денеска, велат од УХМР. Според прогонозите што ги следат во секој момент синоптичарите за вечер најавуваат нестабилност во делови од земјата, а пад на температурите ќе има од четврток. Според синоптичарите најавеното нестабилното време не може да се каже каде ќе биде, првично е највено за југоистокот на земјата. Според последниот извештај за пожари од страна на центарот за управување со кризи регистриани се седум пожари на отворен простор, три се активни, два се ставени под контрола, два се изгаснати.Од ЦУК со апел, големо внимание поради високите температури и ветерот. Професроот од Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски објаснува дека палењето стрништата, како причина за големи пожари се штетни во екологијата но и за самата почва и таа навика не помага во подобрување на земјата и исто така е казниво по закон. Градоначалниците на Крива Паланка и на Делчево објаснија дека пожарите на депониите се ставни под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар Горивата од полноќ значително поевтинуваат. По речиси месец и половина постојан раст на цените со последната одлука на Регулаторна литар дизел од ноќеска на полноќ поевитнува за 8 денари. Намалување е забележано и кај бенизните и тоа за 4 денари по литар. Па оттука новата цена на 95 ката ќе изенусува 87 додека на 98цата 89 денари за литар. Од полноќ литар дизел пак ќе се точи по цена од 91,5 денари. „ Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 04.08.2026 година. “ – се наведува во образложението на Регулаторна. Од Владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот. Премиерот Мицкоски минатата недела повтори дека поради владините политики, земјава откако е почната војната на Блискиот исток има најниски цени на горивата. „Ја одржавме ценовната стабилност понудивме на пазарот најниски цени на горивата и на тој начин 50 % во одредени денови се зголеми потрошувачката поради притисокот на граѓаните од соседните земји. Од прилика по половина евро по литар понудивме поевитни горива од некој од соседните земји и таков е случајот и сега. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку на светските берзи денеска барел се тргува по цена од 84 долари, цените на берзите варираат поради неизевсноста околу договорот за повторно воспоставување на поморски сообраќај низ Ормутскиот тенсец – кој е еден од најважните енергетски коридори во светот. Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку 13 жртви во украински напад на руската Република ТатарстанНајмалку 13 луѓе загинаа, а 70-на се повредени во украински напад со дронови врз руската Република Татарстан, што се смета за еден од најсмртоносните украински напади врз Русија од почетокот на војната.Главна мета на нападите бил индустрискиот град Нижне-Камск, оддалечен 1.100 километри од Украина, каде што според руските власти, цел биле и цивилни и индустриски објекти. Дел од руските медиуми пишуваат дека била погодена петрохемиска фабрика, а меѓу жртвите имало и дете. Украинската војска потврди дека стои зад нападите и соопшти дека ја погодиле рафинеријата танеко, во која избил пожар. Москва нападите ги оцени како директни терористички напади и соопшти биле пресретнати 450 украински беспилотни летала над Русија и Крим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18