Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
ЗабаваПрстенот ја издаде „Кралицата на бакшишот“ – Теа Таировиќ ќе се мажи за Иван Српската пејачка Теа Таировиќ се мажи за својот партнер Иван, ексклузивно дознава Телеграф.Свадбата ќе се одржи во строга тајност, надвор од Белград, а таа ги поканила само најблиските роднини, пријатели и избрани колеги, објави Телеграф. Иако сè се чувало во строга тајна и го криеше дури и од најблиските пријатели, Теа го откри и вереничкиот прстен кој вешто го сокрила. Пред да замине за Дубаи, пред повеќе од една недела, Теа Таировиќ носеше прстен. Сè чуваше во строга тајност Теа Таировиќ од првиот ден од кариерата се обидува да го сокрие својот приватен живот од очите на јавноста, поради што решила да ја направи својата венчавка без многу помпа. Таа со месеци организирала сѐ во строга тајност, а од блиските бараше никому да не откриваат детали. Теа Таировиќ пред емотивниот чин со своето момче заминала во Дубаи каде имала закажан настап, а потоа заедно се одмориле неколку дена. Потоа се вратиле во Белград, со цел да ги направат последните подготовки пред важниот настан. Да потсетиме, Теа Таировиќ е во врска со Иван околу 2 години. Јавноста за нивната романса дозна во пресрет на 28-от роденден на пејачката, кога нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување кое ја расплака.Тагови: прстен Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и ВиницаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook