Прстените на Елвис Присли ќе се продаваат на аукција, се очекува огромен интерес и цена - Канал 5

Прстените на Елвис Присли ќе се продаваат на аукција, се очекува огромен интерес и цена

Златните прстени на Елвис Присли и писмото напишано од Брајан Вилсон од Бич Бојс, се меѓу многуте други предмети, што ќе се најдат на аукција овој викенд.

Прстените на Елвис Присли ќе се продаваат на аукција, се очекува огромен интерес и цена

Исто така, на аукцијата организирана од аукциската куќа Kruse GWS ќе бидат опфатени предмети кои биле во сопственост на Принц, Алаја и други ѕвезди, објави Индекс.

„Оваа конкретна аукција има некои прилично моќни парчиња во однос на емотивните врски меѓу луѓето“, рече Брижит Крус од аукциската куќа.

Што се однесува до предметите што му се припишуваат на Елвис, аукцијата ќе вклучува микрофон од резиденцијата на изведувачот во Лас Вегас, шише со апче означено со март 1977 година и два уникатни златни прстени, кои се проценува дека ќе се продаваат од 35.000 до 60.000 долари.

Онлајн аукцијата ќе се емитува во живо во сабота на 31 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо

Македонските аеродроми бележат рекорден раст на бројот на патници. 

Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо

Во првите шест месеци од годинава низ двата аеродроми поминале два милиони патници, што претставува раст од над 30 проценти во однос на истиот период лани, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

„Бројките излегоа денеска и се одлични. Имаме два милиони патници за шест месеци годинава, што е раст од над 30 проценти споредено со минатата година. Кога оваа Влада беше избрана, имавме нешто над два милиони патници на годишно ниво, а сега имаме два милиони патници за само половина година“, истакна Николоски.

Тој потсети дека минатата година за првпат бил надминат прагот од три милиони патници, а очекувањата се годинава да биде поставен нов рекорд.

„Минатата година за првпат поминавме три милиони патници, а оваа година ќе поминеме три и пол милиони, а за брзо време ќе стигнеме и до четири милиони патници, нешто што до пред неколку години беше незамисливо за Македонија“, рече Николоски.

Министерот нагласи дека и Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период.

„И Скопскиот и Охридскиот аеродром се најбрзо растечки аеродроми во регионот и тоа ќе продолжи да биде така. Имаме 28 нови дестинации и навистина сум многу горд на оваа политика“, нагласи Николоски.

Тој додаде дека и за време на кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток, функционирањето на македонските аеродроми не било значително нарушено.

„Во текот на кризата што беше предизвикана од војната, речиси и да не се почувствува нејзиното влијание. Дополнително, со керозин од Скопскиот аеродром се снабдуваа и аеродромите во Приштина и Ниш, што покажува дека можеме успешно да ги развиваме двата македонски аеродрома“, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој додаде дека овие бројки претставуваат уште една потврда за успешните политики во насока на силниот раст на воздушниот сообраќај во земјата.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите

 СДСМ со конкретни мерки за повеќе пари за  студентите и учениците.

СДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите

Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики.

Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%.

Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите.

Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари.

Вака изгледа држава што ја води Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО, на која младите не и се приоритет.

СДСМ е на страна на младите и со амандмани во Собранието бараме да се исправи оваа неправда.

Бараме 150 милиони денари за зголемување на студентскиот оброк, како мерка за поддршка на стандардот на студентите.

Бараме 6 милиони денари за зголемување на стипендиите за студентите.

Бараме повеќе пари за реновирање на студентските домови за подобрување на условите.

243 милиони денари за бесплатен училишен оброк во основните училишта.

Повеќе пари за еднаков пристап до образование за учениците со попреченост и посебни образовни потреби

Младите заслужуваат да учат во современи основни и средни училишта. Затоа имаме посебен амандман за 200 милиони денари за опремување на училиштата со современа научна технологија.

Со нашите амандмани бараме повеќе пари за финансиска поддршка на ученици на меѓународни натпревари и олимпијади.

Повеќе пари за младите, а помалку за расипничкото трошење на власта.

Сега Власта е на потег, да видиме дали ќе се откаже од луксyзот и дали парите да ги пренамени за младите.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видеонадзор за поголема безбедност во Општина Аеродром

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката.

Видеонадзор за поголема безбедност во Општина Аеродром

Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација.

Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, покрај реконструкцијата и обновата на спортските и детските игралишта, Општина Аеродром презема конкретни чекори за нивна трајна заштита. Целта е да се спречи вандализмот и да се зачува јавниот имот.

Новиот систем за видеонадзор ќе придонесе за спречување на вандализмот, заштита на општинскиот имот и урбаната опрема, зачувување на парковите и игралиштата, како и поддршка на надлежните институции во откривањето сторители на казниви дела. Истовремено, ќе овозможи поголем јавен ред, повисоко ниво на безбедност и подобра заштита на јавната инфраструктура.

Реализацијата на проектот ќе се спроведе согласно со законските процедури, со целосно почитување на прописите за заштита на личните податоци и сите важечки стандарди.

Безбедноста е инвестиција во иднината. Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува да создава побезбедни, уредени и зачувани јавни простори, во интерес на сите граѓани и на идните генерации.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер