Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
ЖивотПроверени трикови на професионалните готвачиКако рибата да не ви се распадне во текот на пржењето, а домот да не ви мирисаРибата приготвена вака ќе биде совршено крцкава и нема да впива вишок масло. Рибата е најздравото месо што луѓето можат да го консумираат, меѓутоа повеќето домаќинки избегнуваат да ја приготвуваат бидејќи е комплицирана за готвење. Повеќето од нив рибата ја валкаат во брашно пред да се пржат, а таа се лепи на дното на тавата и се распаѓа. Покрај тоа, при приготвувањето риба сигурно ќе се замириса не само кујната туку и цела куќа, а миризбата може да трае со денови. Токму поради ова повеќето домаќинки го избегнуваат нејзиното приготвување. Совети од професионалците Дали некогаш сте се запрашале како е можно во рибен ресторан секое парче риба да е совршено зготвено, а непријатниот мирис речиси и да не се чувствува иако секојдневно приготвуваат риба во поголеми количини. Постојат трикови со кои професионалните готвачи спречуваат рибата да се распадне, но и да не се задржи непријатниот мирис при пржењето и похувањето риба. За секое парче, особено филетите, кои се особено кревки, бидејќи немаат коски, да останат совршени, професионалните готвачи советуваат пред приготвувањето да ја потопите рибата во раствор од вода и сок од четвртина лимон. Оваа смеса ќе го спречи создавањето на непријатниот мирис при пржењето. Наместо обично брашно за панирање, готвачите користат густин или пченкарен скроб кој создава заштитна обвивка околу рибата, така што нема да се распадне за време на пржењето. Покрај тоа, рибата ќе биде совршено крцкава и нема да впие ниту капка вишок масло. За кујната и остатокот од домот да не мириса на пржена риба, професионалните готвачи советуваат во помал сад да истурите јаболков оцет кое ќе врие на тивок оган и полека ќе испарува додека ја пржите рибата. Јаболковиот оцет го неутрализира мирисот на пржена риба. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
СветТрамп откри за што ќе зборуваат со Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна посета на Вашингтон.„Голем ден со претседателот Си на Кина. Суперинтелигенцијата (ВИ) ќе биде голема тема на разговор, но сакам да го оставам точно како што е. Тоа е ставот на Кина. Нашиот бедем е Министерството за правда (DOJ)“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social. Денешната средба меѓу Си и Трамп се случува во време на трка во вооружување меѓу САД и Кина за ВИ, при што многумина повикуваат на меѓународна регулација, според CBS News. Трамп досега се спротивставуваше на повиците за регулација, велејќи им на светските лидери на Генералното собрание на ОН претходно оваа недела: „Победник е оној што ќе ја победи ВИ“. Си пристигна во среда на тридневна државна посета на САД, за време на која ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе се одржи гала вечера, на која ќе присуствуваат многу претставници на технолошкиот сектор.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗлатеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската кризаБисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања.Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања, од кои едното беше во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството, а другото беше поврзано со економијата. ,,Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат. Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства“, рече Златеска. Прашањето што го постави Златеска, а до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поврзано со исплатата на субвенциите: ,,Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во текот на 2026 година се реализираат исплати по програмата за финансиска поддршка на земјоделството, а Агенцијата за финансиска поддршка паралелно реализира исплати по мерки од претходните програмски години. Тоа е важно да се разграничи. Во август и септември агенцијата реализирала повеќе конкретни исплати, меѓу кои значајни средства за сточарите и полделците. Почитуван министре, моето прашање до вас е како тече исплатата на годинешните субвенции?“. Второто прашање од страна на пратеничката Златеска, беше упатено до заменик министерот за економија, а во врска со намалуваувањето на ДДВ-то на дизелот и по 28 септември доколку кризата и високите цени на нафтата продолжат. ,,Актуелната мерка за намалување на ДДВ-то на дизелот од 18 на 10% има рок. Тоа е 28-ми септември, а кризата на светските енергетски пазари за жал не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени“, кажа Златеска и додаде: ,,Може ли да направите споредба со цените на дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот и дали доколку продолжи кризата се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28ми септември. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаСДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќаВМРО-ОКГ и нивната Орбан-Вучиќ медиумска мрежа, под палката на началникот Латас, повторно ја вклучи истата медиумска машина. Нема документ. Нема демант на FARA 6170. Нема агенда од Стејт департментот. Но затоа има Заев, пасош, слика од отворање. Има „талог“, Бугарија, лаги.... Класично бегство од реченицата што ги болеше. Реченицата е оваа: Во 2026 приватна фирма АТС Груп ДООЕЛ Скопје му плаќа на американскиот лобист Mercury 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони годишно. На 2 април истата компанија го предава материјалот - „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. Во текстот стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Не стои „продајте ни шлемови“. Стои државна агенда платена од приватна компанија за муниција. ВМРО-ОКГ велат: актуелната влада нема врска со приватен договор меѓу две фирми. Ако нема врска, зошто во платениот текст стои името на арамијата Мицкоски? Зошто енергија, ЛНГ, ИТ-договори, одбрана? Зошто антимонот од пет милиони влезе во истата приказна што ја носеше низ ходниците и хотелите? Дипломатски пасош за човек што работи извоз на оружје, што во секоја земја оди преку државна контрола, не е оправдување зошто денешниот премиер се враќа од Америка со средби во ходник и со руда за оружје, во интерес на приватна компанија. Тоа е клучната разлика. Ако состанокот што Мицкоски го имал го нема во агенда на Вашингтон, не е државна средба. Тоа е неформален контакт. Дома го продаваат како самит. Приватна компанија плаќа. Мицкоски ја пласира агендата како државна. Всушност не е. Зошто приватна компнија плаќа лоби за Мицкоски? Антимонот е метал за воена индустрија. Се копа кај Крива Паланка. Јаловината оди во почвата и водата. За граѓаните е отров. За нив е провизија. Гета чинеше 5,53 милиони евра народни пари. Грантот за дупката е помал. Прашањето е кој во 2026 плаќа лоби да зборува во име на владата, кој се крие по фоајеа, и зошто народот добива рудник наместо извештај. Прашањето е зошто премиерот работи за интерес на приватна компанија, а не за граѓаните на Македонија. Нема автогол. Има документ од американското Министерство за правда. Тие немаат одговор на хартијата. Имаат матрица. Матрицата е бегство. Бегството е признание, се наведува во партиското решение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter