ТехнологијаПрототипот од ракетата на вселенска компанија „Спејс икс“ по слетувањето експлодираПрототип од ракетата на американската вселенска компанија „Спејс Икс“ успешно се приземји во американската сојузна држава Тексас по пробниот лет.Набрзо по слетувањето,леталото експлодирало откако претходно бил забележан пожар,јавува ББЦ. Според истиот извор прототипот на ракетата „Спејс икс Старшип СН 10“ успеал да се приземји по успешното лансирање од Тексас и летањето на голема висина, за разлика од претходните проекта „СН 8“ и „СН 9“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
СветБројот на жртви во Венецуела се искачи на 4.333Бројот на жртви од земјотресите што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.333, а 16.740 се повредени, изјави претседателот на Националното собрание и раководител на привремените кампови, Хорхе Родригез.Тој рече дека 315 лица сè уште не се идентификувани меѓу жртвите, додека 6.462 лица се спасени од урнатините, а околу 17.000 жители останаа без покрив над главата. Родригез нагласи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат. „Додека има живот, има надеж. Сè уште имаме едно или две места каде што ситуацијата останува неизвесна, каде што активно бараме преживеани“, рече тој на својата последна прес-конференција. Родригез објави дека вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, ќе ги додели првите 200 станови на ранливи семејства следната недела. Според официјалните бројки, оштетени се 856 згради, од кои 190 се целосно уништени или претрпеле сериозни структурни оштетувања. Властите проценуваат дека се потребни околу 25.000 станбени единици. Идентификувани се околу 40 локации со вкупна површина од околу 584.000 квадратни метри за изградба на нови населби во областите Осма и Чуспа. Како дел од дневниот извештај, Родригез изјави дека 86.794 семејства добиле помош и дека се дистрибуирани 9.766 тони храна и 16.617.508 литри вода. Дополнително, претседателот на венецуелскиот парламент изјави дека се поставени 94 привремени кампови за да се помогне на населението погодено од земјотресите, кои предизвикаа 1.202 последователни потреси. Тој, исто така, истакна дека медицинска помош им е пружена на 31.193 пациенти. Родригез на прес-конференција изјави дека 91 процент од пациентите погодени од земјотресот кои се лекуваат во меѓународни теренски болници или национални болници веќе се отпуштени и се надвор од опасност. Тој, исто така, рече дека 2.422 меѓународни спасувачи остануваат во земјата за да соработуваат во спасувачките напори, додека 31.837 национални спасувачи се распоредени во различни бригади во земјата. Извор: Б92Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар ПланинаЛицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово.На 11.07.2026 во 18:46 часот во СВР Тетово, А.Ч.(38) од село Жеровјане побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Бистрица на Шар Планина, каде поради тежок и непристапен терен останале заглавени, а притоа оддеднаш му се влошила здравствената состојба со болки во градите и отежнато дишење. Веднаш по добиената пријава се известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица лоцирана во село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото викано „Бачило“, каде биле пречекани од спасувачката екипа на Територијалната противпожарна единица. По пронаоѓањето, групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле прифатени од полициски службеници од ПО Теарце. Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, при што А.Ч. на 12.07.2026 во 00:55 часот со амбулантно возило е пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Оризот скапува по амбарите, Владата на Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откупОризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски.Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп. Наместо државата да обезбеди пласман на домашното производство, илјадници тони ориз пропаѓаат, а земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат плодовите од својот труд. Дополнителен проблем е што Владата на Мицкоски сè уште не кажува каква ќе биде откупната цена за новата реколта, ниту кога ќе бидат исплатени субвенциите. Земјоделците влегуваат во нова производствена сезона без никаква сигурност и без поддршка од институциите. Во исто време, најавите за драстично ниска откупна цена не ги покриваат ниту основните трошоци за производство. Со вакви политики, оризопроизводството се турка кон целосен колапс. Огромни количини ориз остануваат изложени на пропаѓање, што претставува дополнителна економска штета за земјоделците и ризик за целиот регион. Оризот со децении беше препознатлив македонски производ и значаен извозен потенцијал. Откупната цена во времето на СДСМ беше над 40 денари е сега не е ниту 20 денари за килограм. Поради неспособноста на Владата на Мицкоски, производителите ја губат довербата во институциите, а сè повеќе се доведува во прашање опстанокот на ова стратешко производство. По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромаши и понижи земјоделците. СДСМ бара Владата итно да обезбеди организиран откуп на заостанатите количини ориз, да ја објави откупната цена за новата реколта, да ги исплати заостанатите субвенции и да преземе конкретни мерки за спас на оризопроизводството пред да биде предоцна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26