Прототип на моќниот Мустанг е снимен на патеката во Нирнберг, веќе е распродаден во САД (ВИДЕО) - Канал 5

Прототип на моќниот Мустанг е снимен на патеката во Нирнберг, веќе е распродаден во САД (ВИДЕО)

Ford планира да го однесе својот нов Mustang GTD за да го комплетира кругот на Нирбургринг во Германија за помалку од седум минути, подвиг што го постигнаа само неколку врвни автомобили.

Прототип на моќниот Мустанг е снимен на патеката во Нирнберг, веќе е распродаден во САД (ВИДЕО)

Официјален обид се очекува наесен, но Ford веќе започна со тестирање на тркачката патека. Снимка од еден од нив објави Car Spy Media. Видеото го прикажува прототипот Mustang GTD во црна боја и го носи звукот на 5.2 V8 моторот.

TopGear неодамна напиша дека над 7.500 Американци се пријавиле да го купат Ford Mustang GTD, вреден над 325.000 долари. Апликациите за купување се веќе затворени.

Станува збор за тркачки автомобил од класата IMSA GTD, кој одговара на спецификацијата FIA GT3. И овој Mustang е навистина тркачки автомобил, кој случајно е легален за патишта.

YouTube video

Опремен со адаптивна тркачка шасија и елементи на активна аеродинамика, овој автомобил е придвижуван од мотор кој сега испорачува над 800 КС. Спротивно на најавите, 5.2 V8 не е централно поставен, туку оставен пред возачот. Најсилниот Mustang во историјата добива и титаниумски издувен систем, а црвената зона е само на 7500 вртежи во минута.

Распределбата на масата е идеална, 50:50, со менувачот поставен на задната страна. Станува збор за осумстепен менувач со две спојки. Да ја споменеме великодушната употреба на карбон, сѐ со цел да се оптимизира тежината на возилото.

Продажбата во Европа сè уште не е ни започната. Изгледа дека успешните апликанти во САД ќе ги добијат моделите од 2025 и 2026 година, додека европските купувачи најверојатно ќе мора да чекаат долго време за нивниот GTD.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер