3ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ФудбалПротив Словачка без отстранетите репрезентативци Јаховиќ и Георгиевски Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски ги отстрани од националниот тим репрезентативците Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски. Ѓуровски не ги објави причините за бркањето на двајцата играчи, освен што истакна дека во тимот сака фудбалери кој ќе бида посветени и кои ќе даваат се од себе за репрезентацијата.- За Македонија ќе играат фудбалери кои ќе даваат максимум за националниот тим. Јаховиќ и Георгиевски покажуваат нетрпение на тренинзите, а мене не ми требаат играчи кои не се сакаат. Играњето за Македонија треба да биде чест. Можеби ќе повикам двајца играчи од младата репрезентација, изјави на денешната прес конференција Ѓуровски. Ова не е првпат од репрезентацијата фудбалери да бидат избркани пред важен натпревар. Пред две години тогашниот селектор Чедомир Јаневски ги отстрани Стевица Ристиќ и Горан Попов, пред дуелот со Србија поради непрофесионален однос. Утрешниот противник, селекцијата на Словачка која е лидер на табелата во нашата група и во Скопје ќе се појави со максимални девет бодови. - Македонија мора да постигне два гола за победа, односно позитивен резултат. Треба да дадеме максимум, не само трчање, туку и тактичка поставеност. Тие ќе се обидат да играат со висок пресинг, а ние мора да нападнеме со добра транзиција од одбрана во напад. Нашите играчи се гладни за добри резултати, рече Ѓуровски. Во однос на составот Ѓуровски најави дека Александар Трајковски, кој се повреди на почетокот од подготовките ги надмина проблемите со повредата и ќе биде дел од стартните единаесет за утрешниот дуел со Словачка. Натпреварот Македонија – Словачка се игра утре со почеток во 20:45 часот на Националната Арена „Филип Втори“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редПредлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. Дејан Трајкоски е во Парламентот.. Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook