ЕвропаПротести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островотВо Копенхаген и неколку други дански градови како и во главниот град на Гренланд денеска ќе се одржат протести поради амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз островот.На повикот на неколку гренландски организации повеќе илјади луѓе на социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат во протестите во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе. Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и основните човекови права во Гренланд, националната организација на гренландските граѓани во Данска, Уагут. Коалицијата на локални гренландски организации сака да го искористат присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген, за да се слушне нивниот глас. Трамп во вториот претседателски мандат повеќе пати изјави дека САД треба да имаат контрола врз огромниот, стратешки важен, но ретко населен арктички остров што ѝ припаѓа на Данска. Според него, Гренланд е важен за националната безбедност на САД и оти ќе ја преземе контролата „на еден или друг начин“ за да се спротивстави на руските и кинеските интереси на Арктикот. Советник на Трамп, Стивен Милер синоќа за „Фокс њуз“ ја потврди позицијата на САД за Гренланд. - Гренланд е четвртина од големината на САД, со сето должно почитување, е мала земја со мала економија и мала војска, која не може да го брани Гренланд … Но. САД немаат намера да трошат милијарди долари за одбрана на територијата, а неговиот суверенитет да и го остави на Данска, истакна Милер. Протестите ќе се одржат три дена по состанокот во Вашингтон каде што данските претставници признаа дека во моментов нема можност за договор со американските лидери за иднината на автономната територија. Неколку европски лидери изразија поддршка за Данска, а Трамп вчера се закани со зголемување на царините за земјите кои не го поддржуваат неговиот план за Гренланд. Франција, Шведска, Германија и Норвешка, заедно со Холандија, Финска и Велика Британија пред два дена на Гренланд распоредија воен персонал за извидувачка мисија, како дел од вежбата „Арктичка издржливост“ на Данска, организирана со сојузниците на НАТО.Тагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСилниот ветер ги разгорува пожарите низ Грција, најтешка состојбата на КритПожарникарите продолжуваат со борбата против големите шумски пожари низ грција, каде силниот ветер предизвикува нови жаришта и го отежнува локализирањето на огнената стихија.Најкритична останува состојбата во областа Агиа Параскеви во Ретимно, на островот Крит, каде екипите цела ноќ се бореа со пожарот, а со првите утрински часови повторно беа вклучени и противпожарни авиони. Грчката служба за цивилна заштита предупреди дека регионот Атика, поширокото подрачје околу Атина и уште неколку делови од земјата денес се под многу висок ризик од пожари и ги повика граѓаните строго да ги почитуваат предупредувањата и упатствата на надлежните служби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКоњановски: Цел свет на едно место, фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“САД- Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска и секако од земјата домаќин Македонија, беа дел од годинашното издание на „Илинденски денови“.Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и оваа година организираше прием, односно фолклорна дружба со гости од фестивалот „Илинденски денови“, кои изминативе недели ја разиграа Битола и ја обоија во боите на фолклорот. Неговиот кабинет беше претесен за домашните и странските гости кои ги пренесоа своите позитивни импресии од фестивалот, организацијата, гостопримството на градот, од убавините на Битола со своите културни и историски посебности. Градоначалникот Коњановски на средбата истакна дека во овој период Битола, посебно е разубавена, а светското шаренило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен. Ова пак истовремено значи и светска промоција на градот, кој го има овој фестивал и повеќе од половина век ја негува традицијата, но и ги отвара ширум своите врати за традициите во фолклорот на други народи. Добрата соработка за градење силни културно – уметнички врски беше повод и за размена на пригодни подароци и промотивни материјали во знак на сеќавање на изданието на фестивалот кое беше едно од најдолгите во својата историја со голем број учесници, како домашни така и странски од различни делови на светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЕкономијаДирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проектиДиректорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти.Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство. За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, тековните активности на локацијата, како и следните чекори до воспоставување на производствените капацитети. Директорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти. Тој посочи дека успешната реализација на секоја инвестиција е резултат на добра координација, отворена комуникација и партнерски однос меѓу компаниите и институциите. Од страна на Фарук Шахин, генерален менаџер на Шахтерм, беше изразена благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакната важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со активностите насочени кон создавање стабилна и конкурентна инвестициска средина, како и поддршка на компаниите кои придонесуваат кон економскиот раст и развој на земјата. Инвестицијата на компанијата Шахтерм само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08