ЕвропаПротести низ Украина по одлуката на Зеленски да го разреши министерот за одбранаСмената на министерот за одбрана Михајло Федоров ги извади Украинците на улица. Во Киев и во повеќе други градови се одржаа протести по одлуката на претседателот Володимир Зеленски, кој сѐ уште не ги образложи причините за неговото разрешување. Федоров, кој ја извршуваше функцијата од јануари беше еден од главните носители на реформите во министерството за одбрана, со акцент на борбата против корупцијата, развојот на беспилотните системи и воведувањето современи технологии во украинската армија. Според украински медиуми и аналитичари, како можни причини за неговата смена се посочуваат несогласувања со главниот командант на вооружените сили Олександар Сирски, како и незадоволство од темпото на реформите во системот за мобилизација. Good morning from Kyiv. Thousands of Ukrainians are turning out for another rare wartime public protest — a year after the last one — demanding that President Zelenskyy reappoint popular defense minister Mykahilo Fedorov. Ukraine’s parliament is scheduled to begin voting in a new… pic.twitter.com/X2C9f0RhP4 — Christopher Miller (@ChristopherJM) July 16, 2026 Украинскиот парламент треба да гласа за именување на актуелниот министер за внатрешни работи, Ихор Клименко, за нов министер за одбрана. Смената на федоров предизвика и реакции во воените кругови, при што дел од командантите предупредија дека неговото заминување може да го забави процесот на модернизација на украинската армија.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапоВладата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија. • На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка. • На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници. За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери. Во исто време: • Инфлацијата ги јаде платите и пензиите. • Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон. • Минималната плата остана замрзната. • Потрошувачката кошница расте секој месец. А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар: Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач. Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит. Значи - повторно задолжување. Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода. А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари. Долгот расте. Цените растат. Животниот стандард паѓа. Оваа Влада нема економска стратегија. Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИталија буквално врие: Црвена тревога за 27 градови, измерени се 75 степениИталија продолжува да биде погодена од четвртиот топлотен бран од почетокот на годината, а Министерството за здравство на земјата издаде црвена тревога за четврток, 6 август за сите 27 градови што ги следи системот за следење на екстремната топлина.Црвената тревога означува највисоко ниво на предупредување и подразбира временски услови што можат сериозно да го загрозат здравјето на целото население, а не само на најчувствителните групи како што се постарите лица, малите деца и хронично болните лица, објави „Раи њуз“. Денес, 25 градови се под црвена тревога, додека Месина и Реџо Калабрија се во портокалова тревога. Според студијата на организацијата „Легамбиенте“, температурите на асфалтот во Италија достигнуваат просечно 52 степени Целзиусови, додека максималната измерена температура била 62,7 степени. На гумените површини, температурите се уште повисоки - просечно 66 степени, а во Торино е забележана и до 75,6 степени Целзиусови. Благо „ладење“ од петок Метеоролозите очекуваат благо и привремено заладување од петок, првенствено на северот од земјата и во централните делови на јадранскиот брег, каде што дневните температури треба да паднат под 35 степени. Во поголемиот дел од централна и јужна Италија, максималните температури сепак ќе бидат помеѓу 36 и 37 степени, додека се очекува понатамошен пад кон средината на август, но во најжешките области тие сепак ќе останат многу високи. Италијанските медиуми јавуваат дека во последните денови се регистрирани најмалку три смртни случаи кои се поврзани со топлотниот бран, меѓу нив градежен работник во близина на Бреша, обезбедувач во Болоња и 20-годишна жена која се разболела додека работела на нивите. Сушата дополнително ја влошува ситуацијата. Недостаток на вода во повеќе од 100 општини Повеќе од 100 општини во Пиемонт и Ломбардија се соочуваат со недостиг на вода за пиење, поради што снабдувањето се одржува со цистерни, додека во некои градови се воведени ограничувања за потрошувачка на вода. Земјоделците предупредуваат дека земјоделските култури, особено оризот во долината на реката По, се сериозно загрозени од недостаток на врнежи од дожд. Високите температури и сушата го зголемија ризикот од шумски пожари, а во поголемиот дел од Емилија-Ромања е во сила портокалова тревога. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter