СветПротести низ цела Италија поради Газа- затворени училишта, блокиран сообраќајот Пристанишните работници кои денеска одлучија да штрајкуваат поради ситуацијата во Газа ги блокираа пристапните патишта до повеќето италијански пристаништа, имаше насилство во центарот на Милано на пропалестинскиот протест.Пристанишните работници кои денеска одлучија да штрајкуваат поради ситуацијата во Газа ги блокираа пристапните патишта до повеќето италијански пристаништа, имаше насилство во центарот на Милано на пропалестинскиот протест, а разни синдикати организираа ден на протест против израелската офанзива во Газа. Италијанските пристанишни работници кои денес протестираат велат дека сакаат да спречат Италија да се користи како попатна станица за транспорт на оружје и други залихи до Израел, кој е во војна со Хамас во Газа. Полицијата во полна опрема за немири испука солзавец и се судри со демонстрантите недалеку од главната железничка станица во Милано, изјави очевидец за Ројтерс, а италијанските медиуми објавија дека демонстрантите се обиделе да го блокираат сообраќајот на автопат во близина на Болоња. 🇮🇹 MILAN: ITALY: "BLOCK EVERYTHING" GENERAL STRIKE TO CUT TIES WITH ISRAEL: Italians are on general strike today and marching to tell their government they will no longer tolerate any links with Israel for as long as it continues its genocide. pic.twitter.com/TBqGSmI1cA — Robin Monotti (@robinmonotti) September 22, 2025 И во Неапол, полицијата се судри со демонстрантите кои упаднаа во главната железничка станица. Некои од нив накратко се искачија на пругите, предизвикувајќи застои во сообраќајот. Илјадници Италијанци демонстрираа во бројни други италијански градови, училиштата беа затворени денес, а дел од јавниот превоз повремено не сообраќаше по барање на синдикатите. „Палестинскиот народ ни дава лекции за достоинство“ Во северозападниот италијански град Џенова, неколку стотици демонстранти мавтаа со палестински знамиња за време на утринскиот собир во пристаништето. Понатаму по брегот во Ливорно, Тоскана, демонстрантите го блокираа влезот во пристаништето, додека слични демонстрации се одржаа во Трст. „Палестинскиот народ продолжува да ни дава уште една лекција за достоинство и отпор“, рече Рики, демонстрант во Џенова и член на работничката група наречена Автономниот колектив на пристанишните работници. „Учиме од нив и се обидуваме да придонесеме“, додаде тој. Салвини: Левичарските синдикалисти не можат да им наштетат на милиони работници Регионалните железнички линии до Рим доцнат и се соочуваат со откажани поаѓања поради денешните штрајкови, но метрото работи според распоредот. А во Милано, финансискиот центар на Италија, повеќето линии на метрото функционираат. Министерот за транспорт Матео Салвини го намали влијанието на протестите врз железничката мрежа, пофалувајќи ги сите оние што денес отидоа на работа. „Денешниот штрајк предизвика откажување на поаѓањето само на одреден број возови. Политичката мобилизација на крајно левичарските синдикалисти не може да им наштети на милиони работници“, рече тој. Десничарската италијанска влада на премиерката Џорџија Мелони традиционално е поддржувач на Израел во рамките на ЕУ, поради што ја исклучи можноста да ги следи другите западни земји во признавањето на палестинската држава.Тагови: Газа италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 3. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 3 октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности. Кариера Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа. Здравје Уживајте во спортот или во уметноста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе. Кариера Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати. Здравје Денеска знаете што сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола. Кариера Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа. Здравје Ќе водите војна со апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво. Кариера Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи. Здравје Помогнете му на член од семејството. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете. Кариера Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно. Здравје Трпение, спасение. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја. Кариера Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри. Здравје Не истражувајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството. Кариера На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување . Здравје Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија. Кариера Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба. Здравје Не се напрегајте толку многу . Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава. Кариера Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално. Здравје Може да ве прогласат за генијалец на денот. Рак 22.6-22.7. Љубов Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став. Кариера Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог. Здравје Слушајте го својот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво. Кариера Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро. Здравје Немојте да бидете практични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални. Кариера Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата. Здравје Силни сте и здрави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Шоу бизЌерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари. „Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм. Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез. Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“. „Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера. View this post on Instagram A post shared by 🧚🏻♀️ (@sundayrose) „Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЕвропаФридрих Мерц е во сериозни проблемиСамо 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар. Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември. Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти. Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“. Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16