Протестен марш со молк во Кочани за жртвите од дискотеката „Пулс“ - Канал 5

Протестен марш со молк во Кочани за жртвите од дискотеката „Пулс“

Една недела по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, во повеќе градови низ Македонија се организираат мирни собири и протести за оддавање почит и барање одговорност...

Кочани

Во Кочани пак, се одржа и протестен марш... Таму е Михајло Видимлиски, Михајло како течеше маршот и дали воопшто имаше некакви пораки?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските спортисти со поддршка за Плазма Спортски игри за млади

Кузманоски, Галевски и Проданоска со силни пораки од Плазма Спортските игри за млади.

Македонските спортисти со поддршка за Плазма Спортски игри за млади

Плазма Спортските игри за млади од оваа година за првпат се одржуваат во Македонија, носејќи со себе една исклучително важна мисија – бесплатен спорт за секое дете. Но, овие игри се многу повеќе од натпреварување и резултати. Тие се место каде што младите учат што значи да се биде дел од тим, како да се почитува противникот и како преку играта се градат вистинските животни вредности.

Преку спортот, децата растат не само како спортисти, туку и како личности, учат за почит, толеранција, пријателство и фер-плеј. Токму тие вредности се темелот на СИМ.

„Денот на спортот“, кој е во рамките на Плазма Спортските игри за млади, досега се одржа во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола, а ќе продолжи во Охрид и Тетово.

Во секој град дел од овој значаен спортски настан се сегашни и поранешни спортисти кои придонеле и сè уште придонесуваат за Македонија.

Во Прилеп гостин беше Горан Кузманоски, поранешен ракометен репрезентативец и актуелен селектор на македонската кадетска репрезентација. Токму тој, заедно со кадетите, го освои златниот медал на Светското училишно ракометно првенство кое се одржа во Скопје.

„Благодарност до Плазма Спортските игри за млади што го одбраа Прилеп за домаќин на „Денот на спортот“. Ова е градот каде што ги направив првите чекори, град од кој излегле многу спортисти и репрезентативци, не само во ракомет, туку и во други спортови. Преку Игрите младите ќе можат да се пронајдат себеси во спортот и да изградат дисциплина и култура. Се надевам дека Плазма Спортските игри за млади ќе станат традиција, бидејќи се веќе познати во Европа. Благодарност до градоначалникот и до претседателката Елена Мицковска за оваа прекрасна организација и за масовната посетеност.

Морам да напоменам дека пред еден месец во Скопје се одржа Светското училишно првенство во ракомет. Јас, како селектор, заедно со кадетите имавме амбиции да освоиме медал – и успеавме, ја освоивме шампионската титула, додека кадетките освоија сребрен медал. Тоа е одличен почеток на спортски план за Македонија во оваа 2026 година. Имавме одлични услови, нешто што јас кога почнав да тренирам ракомет го немав“, рече Кузманоски.

Иван Галевски е еден од нив. Македонскиот репрезентативен голман и член на РК Алкалоид беше дел од „Денот на спортот“ во Битола, каде заедно со Весна Дунимагловска и Оливера Бикова го донесоа факелот и симболично го означија стартот на СИМ.

Галевски, кој зад себе веќе има европска титула во ЕХФ Европскиот куп и Купот на Македонија со Алкалоид, вели дека неговите почетоци се токму од основно училиште и ги поздрави Игрите.

„Почнав со ракомет од мојата десетта година, во основно училиште. Плазма Спортските игри за млади се за секоја пофалба, бидејќи ги поттикнуваат младите да се занимаваат со спорт и да градат здрави навики.“

Важноста на Плазма Спортските игри за млади ја истакна и Даниела Проданоска, олимпијка во атлетика (Сиднеј 2000).

„Нешто слично на вакви Игри и јас ја започнав мојата кариера. Децата имаат можност да го почувствуваат спортскиот дух и дружењето. Спортот има големо влијание во формирањето на децата како личности и во градењето на нивните вредности, кои се многу важни во понатамошниот живот.“

Плазма Спортските игри за млади обединуваат илјадници деца низ цела Македонија. Победниците на Државното првенство ќе имаат можност да се дружат со најдобрите од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина на големото финале кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова свечено го отвори 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва во Прилеп, го прогласи за отворено 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Сиљановска-Давкова свечено го отвори 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Јубилејниот фестивал започна со изложба „60 години Војдан Чернодрински – Прилеп“ во рамките на којашто на повеќе локации се поставени артефакти од неговата долгогодишна традиција. На свеченоста беа доделени награди за животно дело: на режисерот Сашо Миленковски, на театарскиот деец Љубомир Чадиковски, на актерот и пeдагог Атила Клинче и на Веби Ќерими актер, режисер и педагог.

Годинашното издание на „Војдан Чернодрински“, се одржува под покровителство на претседателката, на која во рамките на свеченото отворање ѝ беше врачена благодарница.

Во своето обраќање Сиљановска-Давкова посака овој јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Почитувана директорке на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска,

Почитуван министер за култура, Зоран Љутков,

Почитуван градончалник, пратеници, уметници, љубители на театарската уметност,

Драги пријатели,

Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност. Прилеп видел генерации талентирани и расни актери, режисери, драматурзи и сценски творци, носители на улоги и претстави, коишто продолжуваат да живеат и по спуштањето на завесата.

Од античката аристотеловска катарза со која се соочува човештвото денеска, преку шекспировото драмско огледало, до чернодринскиот фестивал, театарот останува ретко место каде што човекот доброволно, вклучувајќи ме и мене, се соочува со вистината. Во трагедијата ја чувствуваме тежината на изборот, во комедијата се чудиме и се смееме на сопствените слабости, во драмата ги препознаваме човечките премрежиња, во гротеската се соочуваме со нашите, човекови парадокси.

Во овој дом, свет дом, се одвивале илјадници дијалози меѓу човекот и совеста на универзален театарски јазик. Тука, меѓу овие ѕидови е отелотворен уметничкиот дух, меморирана е актерската реч, вграден е вашиот говор на телото.

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели коишто инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат.

Денес, во време на брзи слики и куси сеќавања, театарот нè повикува не само да гледаме, туку и да чувствуваме и да проникнуваме во себе. Може ли една претстава да нè освести до болка или да нè израдува до делириум? Може ли еден актер да ни го открие човекот во нас? Може.

Театарот изнедрува храбри луѓе, личности со достоинство, интегритет, ерудиција. И кога, ако не тука, ако не сега, каде што и воздухот мириса на театар, како што вели нашиот голем драмски автор, Јордан Плевнеш. Посакувам овој јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни.

Јас сум почестена, исто колку и лауреатите. Чест ми е да го прогласам за отворено, јубилејното, 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечен да е.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА финале: Њујорк поведе со 2-0 , Вемби трагичар

Кошаркарите на Њујорк Никс поведоа со 2-0 во  големото финале на НБА, откако во вториот натпревар ги победија Сан Антонио Спарс со резултат 105:104 со што направија голем исчекор кон шампионскиот прстен.

НБА финале: Њујорк поведе со 2-0 , Вемби трагичар

Карл-Ентони Таунс беше најефикасен во победничкиот тим со 21 поен, додека Џејлен Брансон и Микал Бриџис додадоа по 20.

Кај поразените Спарси, Виктор Вембањама постигна 29 поени, но на 12 секунди пред крајот ја загуби топката , по што Ниси стигнаа до поени од слободни за триумф.

Во поголемиот дел од натпреварот, Никсите ја имаа контролата врз резултатите и се чинеше дека прават сигурен чекор кон својата втора победа на гостински терен.

Сепак, Спарс не се предадоа. Предводени од фантастичниот Виктор Вембанџам, успеаја да се вратат во натпреварот и да го доведат до драматична завршница.

Како што се приближуваше крајот на натпреварот, домашниот тим ја надмина негативата и стигна до нерешен резултат, па на семафорот во последната минута беше 104:104. Потоа дојде моментот на одлука.

Сан Антонио имаше напад за водство или последниот шут, но на 12 секунди до крајот на Вембанџам, направија фатална грешка и ја загубија топката. Никсите веднаш го искористија подарокот на противникот, постигнаа гол од пенал, а потоа Вембанџама промаши шут за победа и тимот од Њујорк оствари голема победа.

Сега финалето се сели во „Медисон Сквер Гарден“, каде што „Никсите“ ќе имаат можност да направат уште два чекори кон својата прва титула во НБА по повеќе од половина век пред своите навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер