Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
2Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
3ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
СветПротест во Тел Авив: Семејствата ги бараат телата на двајцата преостанати заложници, мировниот процес е заглавенПо размената на киднапирани и притворени лица, меѓународните сили треба да пристигнат на терен за да го контролираат разоружувањето на Хамас, што очигледно воопшто не им одговара на некои членови на оваа организација.- Илјадници демонстранти се собраа синоќа во Тел Авив барајќи го враќањето на телата на преостанатите двајца киднапирани заложници што Хамас досега не ги вратил на нивните семејства, иако тоа беше предвидено во мировниот договор на кој се согласи. По размената на киднапирани и притворени лица, меѓународните сили треба да пристигнат на терен за да го контролираат разоружувањето на Хамас, што очигледно воопшто не им одговара на некои членови на оваа организација. Хамас сè уште бара нови изговори за да не ги врати телата, а без таа прва фаза е невозможно да се започне ново поглавје од мировниот договор. - Хамас ни кажува дека ги бара телата на киднапираните Израелци. Тие тврдат дека се на нивна трага. Но, мислам дека нè влечат, си играат со нас и ние нема да им дозволиме да го сторат тоа, рече Ицик Гвили, татко на киднапираниот заложник, на протестот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера разговараше со семејството на последниот израелски заложник чие тело е сè уште во Појасот Газа, објави неговиот кабинет синоќа додека демонстрантите се собираа во Тел Авив барајќи го враќањето на телата на двајцата преостанати заложници. Ран Гвили, 24-годишен офицер од елитната единица Јасам на израелската полиција, беше убиен во акција на 7 октомври 2023 година, за време на нападот што тој ден го започна исламистичкото движење Хамас врз Израел, а со кој всушност беше предизвика војната во Појасот Газа. Потоа неговото тело беше префрлено на палестинската територија. Премиерот ги информираше „неговите родители за напорите на Израел да го обезбеди неговото враќање и за неговата решеност да го врати за еврејски погреб во согласност со еврејските обреди“, соопшти неговиот кабинет. Нетанјаху, исто така, разговараше со тајландскиот амбасадор во Израел, Буњарит Вичиенпунту, за да го информира за напорите за репатријација на вториот непредаден заложник кој беше убиен и сè уште е во Газа, тајландскиот државјанин Судтисак Ринталак, се додава во соопштението. Ринталак, 43, работеше на плантажи во кибуц во близина на Појасот Газа. Тој беше меѓу тајландските земјоделски работници убиени во нападот на 7 октомври чии тела беа пренесени со авион во Газа.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечерПреполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески.Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб. Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова. На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска. Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски. Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска. Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот. Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова. Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење. Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.Тагови: Загреб КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
СветНеуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирањеЗемјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега. Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.Тагови: COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33