Протест во Нови Сад: Неколкучасовна блокада на сообраќајот во близина на железничката станица - Канал 5

Протест во Нови Сад: Неколкучасовна блокада на сообраќајот во близина на железничката станица

Активистите ги повторија барањата за оставка на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Протест во Нови Сад: Неколкучасовна блокада на сообраќајот во близина на железничката станица

Во Нови Сад во организација на младинските организации СТАВ и Свиќе започна нов граѓански протест со барање одговорност за падот на настрешницата од железничката станица, кога на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Со оглед на тоа што власта се уште не одговорила на поставените барања, за одговорност на трагедијата и бранење од слобода на уапсените по протестите во Нови Сад, од Став и Свиќе соопштија дека „продолжува постепеното зголемување на притисокот и барикадите“ со што протестот започна во 12 часот и за време на неговото времетраење до 18 часот блокирана е раскрсницата кај Железничката станица.

Насобраните, околу 500 граѓани, ги прочитаа имињата на загинатите во несреќата и блокадата ја почнаа со едноминутно молчење. Беше развиен голем црн транспарент. На блокадата се бојадисуваше сликата на уплачен бел гулаб од уметникот Виктор Јан, на неколку пунктови граѓаните пишуваа писма до уапсените по претходните протести, а на една локација ги потопуваа рацете со црвена боја и оставаа „крвави отпечатоци“ како порака до надлежните дека рацете и се крвави и дека е одговорна за смртта на 14 лица.

Активистите ги повторија барањата за оставка на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и кривична одговорност за лицата кои директно учествувале во реконструкцијата на зградата на Железничката станица, како и објавување на сите договори кои биле прогласени за државна тајна. Обвинија дека обвинителството е соучесник во прикривањето на делото, бидејќи досега никој не е осомничен за трагедијата, ниту пак обвинителството покрена истрага.

-Очајни сме, затоа што се наоѓаме на гробница, а не ни дозволуваат да ги оплакуваме луѓето што загинаа овде. На децата што загинаа овде, затоа што не ни дозволуваат да зборуваме за тоа. Секој што ќе почне да зборува за тоа е заплашен и уапсен. Па дури и да бидеме уапсени сите, одговорните за тоа не трпат никакви последици. Ќе дозволиме ли да не убедат дека тоа е новата реалност? Затоа сме денес овде, порача актерката Јелена Ступљанин.

Според последното соопштение на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 13 ноември, досега се сослушани 66 лица, а тој ден беше најавено дека ќе бидат сослушани уште пет лица. Но, правните експерти посочија дека не се работи за сослушување потенцијални осомничени, туку за рутински разговори со граѓани кои можеби имаат информации за причините за трагедијата.

Оттаму додаваат дека се уште се работи за претистражна, а не за истражна постапка, што го потврдија и од обвинителството. Претходно обвинителството осум дена не се огласи за истрагата ниту одговараше на прашања на медиумите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каскадерски потег на полицаец: Скокна на кров на џип- шверцери го возат 40 километри со 95 км/час (ВИДЕО)

Полициски наредник од индиската држава Тамил Наду се држел за шипките на покривот на џип кој возел со голема брзина повеќе од 40 километри за време на потера по тројца осомничени шверцери на тутун.

Каскадерски потег на полицаец: Скокна на кров на џип- шверцери го возат 40 километри со 95 км/час (ВИДЕО)

Необичната потера се случила во недела, 27 септември, во округот Коимбаторе. Според полицијата, полицаецот се качил на возилото откако осомничените се обиделе да го возат возилото кон полицајците на патарина, објави Ројтерс.

Тие го возеле 40 километри!

Потоа џипот се оддалечил со голема брзина. Според полицијата, се движел со брзина од над 95 километри на час, додека полицаецот цело време се држел за шипките на покривот.

Потерата поминала низ неколку области пред полицајците да успеат да го сопрат џипот во близина на раскрсницата Мангалам во Тирупур. Тројцата осомничени потоа биле уапсени. Полицаецот не бил повреден.

Полицијата го запленила возилото, како и околу 250 килограми супстанца за која се сомнева дека е гутка, производ од тутун без чад чија продажба е забранета во Индија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен е „полицаецот“, кој со албанско знаме го регулираше сообраќајот во Скопје (ВИДЕО)

СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот во Скопје.

Приведен е „полицаецот“, кој со албанско знаме го регулираше сообраќајот во Скопје (ВИДЕО)

Денеска (08.10.2026 година), во СВР Скопје, повикано е лицето Ш.А., сопственик на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, поради настан од 07.10.2026 година, кога со наведеното возило го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје.

Настанот беше објавен и на социјалните мрежи.

Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Нема да го нападнеме Иран пред американските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД нема да го нападнат Иран пред изборите за Конгресот на САД на 3 ноември. 

Трамп: Нема да го нападнеме Иран пред американските избори

Тој рече дека Вашингтон води продуктивни разговори со Техеран, но дека американската блокада на Иран ќе остане на сила.

Објавата на Трамп доаѓа само еден ден откако „Аксиос“ објави дека Пентагон ѝ наредил на американската војска да ги заврши подготовките за можни нови големи напади врз Иран. Според извештајот, американските и израелските претставници ја разгледале можноста за воена акција пред изборите, иако Трамп сè уште не донел конечна одлука.

Трамп: Иран е во многу лоша состојба

„Водиме продуктивни разговори со Исламската Република Иран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

„Сакам да им ставам до знаење на сите дека Иран е во многу лоша состојба, и економски и воено, и блокадата ќе остане во полна сила“, рече тој.

Трамп тврдеше дека рекордни количини нафта минуваат низ Ормутскиот теснец. Според него, само во текот на изминатата ноќ, 22 милиони барели нафта поминале низ тој морски премин, а ниту едно барел не дошло од Иран или не било наменето за таа земја.

„Ние нема да го нападнеме Иран во ниту еден момент пред изборите за Конгрес во Соединетите Американски Држави на 3 ноември“, напиша Трамп.

Тој го заврши постот со порака напишана со големи букви: „ИРАН НЕМА ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ!“

Пентагон доби наредба да подготви нови напади

Axios вчера објави, повикувајќи се на американски претставници, дека Пентагон ѝ наредил на Централната команда на САД (CENTCOM) да ги заврши подготовките за евентуалното продолжување на големите борбени операции против Иран неколку дена претходно.

Според тие извори, новата американска офанзива би можела да вклучува тешки воздушни напади врз енергетските објекти, инфраструктурата и нуклеарните објекти на Иран.

Наредбата на Пентагон не вклучуваше датум за можен напад, а Трамп во тоа време не донел конечна одлука. Израелски функционер изјави за Axios дека можноста за напад пред изборите не е голема, но дека не треба да се исклучува. Тој додаде дека шансите за нова воена операција би можеле значително да се зголемат по изборите во САД.

Денешната изјава на Трамп го исклучи нападот на САД пред 3 ноември, но не и можноста за продолжување на големите воени операции по изборите.

Преговорите со Иран без значителен напредок

Иако Трамп тврди дека Вашингтон и Техеран водат продуктивни разговори, засега нема знаци дека двете страни успеале да ги приближат своите ставови за најважните спорни прашања.

Според „Аксиос“, катарските медијатори чекаат одговор од Иран на американскиот контрапредлог кој вклучува барања за отстапки во врска со нуклеарната програма на Иран.

САД бараат значителни ограничувања на збогатувањето ураниум на Иран, додека Техеран одбива да се откаже од таа програма и да ги предаде своите залихи од збогатен ураниум.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, претходно изјави дека Иран мора да се согласи значително да го намали својот капацитет за збогатување ураниум ако сака да постигне договор за прекин на конфликтот.

Нови напади врз танкери и зголемување на цените на нафтата

Објавата на Трамп доаѓа во време на обновени тензии во Персискиот Залив. Во последните денови, Иран ги интензивираше нападите врз танкери за нафта, а денес беше регистриран напад врз танкер во близина на брегот на Катар.

Ормутскиот теснец е еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на нафта. Прекините во сообраќајот низ тој премин предизвикуваат загриженост за можен недостиг на нафта и понатамошно зголемување на нејзината цена.

Цените на нафтата денес нагло пораснаа поради тензиите на Блискиот Исток и заканата од намалување на производството во Мексиканскиот Залив, но нивните зголемувања делумно беа забавени од најавата на Трамп дека нема да го нападне Иран пред изборите.

Војната со Иран, која САД и Израел ја започнаа кон крајот на февруари, стана едно од клучните прашања на американската внатрешна политика. Високите цени на горивата го зголемуваат товарот врз администрацијата на Трамп пред изборите за Конгресот, каде што републиканците се стремат да го задржат мнозинството во Конгресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер