БалканПротест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград.На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник. - РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија. Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите. -Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба66 годишен маж од Гази Баба е седмата жртва на западно нилската треска....Тој на Инфективната клиника ја загуби битката по 38 дена борба со вирусот „Западен нил“.Западно нилската треска ја зеде и седмата жртва, шеесет и шестгодишен маж од Гази Баба кој повеќе од еден месец бил хоспитализиран на Инфективната клиника поради воспаление на мозокот и мозочните обвивки, а имал и повеќе хронични болести. Иако имало во дел од лекувањето имало подобрување, последните неколку дена, состојбата драстично се влошила и тој бил приклучен на апарати за дишење. Во меѓувреме има 8 нови потврдени случаи, најголем дел од Скопје север, а еден суспектен од Гази Баба, а тројца се на респиратор и се борат за живот. Статистички, кај нас мажите речиси четири пати почесто заболуваат од жените, појаснуваат здравствените власти. На прашањето зошто сите смртните случаи се мажи, Клековски како можни фактори ги посочува хроничната бубрежна болест и претходно прележаните мозочни удари. Според него, една од можните причини е и тоа што мозочните удари почесто се јавуваат кај мажите отколку кај жените. „Две состојби се поврзани со заболувањето и смртноста, а тоа се хроничната бубрежна болест и претходните мозочни удари (цереброваскуларни инциденти), кои статистички почесто ги погодуваат мажите. Можно е, хипотетички, кај мажите да се почести цереброваскуларните инциденти, бидејќи знаеме дека статистички жените, посебно во добар дел од животот, се заштитени од кардиоваскуларни инциденти.“ Новите потврдени случаи се во регионот на Скопје Север и Бутел, а и Радишани, па Клековски вели дека веќе е стапено во контакт со локалните власти за да се вклучи алармот и да се обрати внимание на можните жаришта односно застоени води кои се ризик, поради тоа овозможуваат соодветни услови за размножување на комарците што го пренесуваат вирусот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиенатаЧетириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во Град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.Со 4,2 милиони евра преку Светска банка набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците. Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска банка. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат промовирани уште пет камиони кои ги обезбеди Град Скопје како и дека е завршува рокот за жалби за набавката на 3200 контејнери за Скопје. Премиерот Мицкоски најави дека следен чекор ќе биде испораката на електрични автобуси до општините за организирање еколошки јавен градски превоз. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓанитеПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста.Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на нивните права. Со продолжувањето на овие средби, Уставниот суд останува отворен за граѓаните и посветен на транспарентно и непосредно информирање за својата работа. За средба со претседателот Костадиновски, заинтересираните граѓани може да се пријават на [email protected], на +389 2 322 3626 или 070 332 139, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter