Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
2Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
3Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
БалканПротест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатитеЦелта на демонстрантите е уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата.Со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот протест на плоштадот Синтагма е во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл. и е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата. Целта на демонстрантите е уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата. На плоштадот пред Парламентот непосредно пред споменикот на Незнајниот војник, каде што веќе подолго време со црвена боја се испишани имињата на загинатите, сега се поставени и свеќи кои го обликуваат бројот 57. Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
НаукаНаучници го реконструираа лицето на човек кој живеел пред 315.000 години Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе.Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе, иако имале поизразена вилица и помасивни карактеристики на лицето. Фосилни остатоци откриени на археолошкиот локалитет Џебел Ирхуд во Мароко им овозможија на научниците увид во изгледот на раните припадници на видот *Homo sapiens*. Врз основа на овие остатоци, бразилскиот 3D дизајнер Сисеро Мораес и неговиот тим изработија дигитална реконструкција на лицето на еден од најстарите познати претставници на нашиот вид. Остатоците биле откриени во раните 1960-ти години, за време на ископувања на минерални суровини. Првично се верувало дека тие им припаѓаат на неандерталците; сепак, подоцнежните истражувања и новите методи на датирање покажаа дека тие се многу постари и дека им припаѓаат на раните припадници на видот *Homo sapiens*. Две студии објавени во 2017 година потврдија дека фосилите се стари приближно 315.000 години, што значително го помести наназад временскиот период на познатото потекло на нашиот вид. Бидејќи не е пронајден целосен череп од поединец, истражувачите комбинираа делови од повеќе фосилни остатоци откриени на истото наоѓалиште. Најголемиот дел од черепот и горниот дел од лицето потекнуваат од примерок познат како „Ирхуд 1“ (Irhoud 1), додека долната вилица и забите се реконструирани врз основа на други пронајдени остатоци. За изработка на дигиталниот модел се искористени и податоци добиени преку компјутерска томографија (КТ) на череп од современ човек. Со помош на специјализиран софтвер, моделот беше прилагоден за да одговара на обликот на коските, по што беа додадени меките ткива и други детали од лицето. Мораес изработи две верзии на реконструкцијата: една во нијанси на сива боја, која ги истакнува анатомските карактеристики, и друга во боја, која вклучува кожа, коса и брада. Сепак, оваа реконструкција не претставува прецизен портрет на конкретен поединец, туку дигитална апроксимација заснована на достапните фосилни и анатомски податоци. „Поединец од Џебел Ирхуд би можел да помине незабележано во толпа, но поблискиот поглед би открил нешто што го издвојува – пред сè, неговите робусни црти и истакната вилица“, објасни Мораес за „ScienceAlert“. Наодите од локалитетот Џебел Ирхуд се значајни за разбирање на човечката еволуција. Тие укажуваат на тоа дека одредени карактеристики на лицето на современиот човек постоеле многу порано отколку што претходно се претпоставувало, додека други анатомски одлики еволуирале постепено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНиколоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилностНиколоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер- Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност.Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност - ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. “ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати за членство во ЕУ, така што сме опкружени со Европската Унија и природно е да сакаме да соработуваме. 76% од извозот на Македонија оди кон земји членки на Европската Унија, 46% од увозот доаѓа од земји членки на Европската Унија и природно е да сакаме да ја искористиме поврзаноста. Македонија има уникатна географска положба која што ја нема ни една друга држава во регионот на Југоисточна Европа и тоа е нешто што може и мора да го искористиме. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори” – се обрати Николоски. Говорејќи за развојот на коридирите, тој ги потенцира инвестициите што се реализраат во патната и железничката мрежа. “На коридорот 10 со поддршка на ЕУ работиме на модернизација на автопатот. Во рамки на Планот за раст, готови се 5 закони за Интелигентни транспортни системи, кои што покрај Министерството за транспорт ги работи и Министерството за локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи, по што ќе одиме со имплементација. Тука е и реконструкцијата и надградбата на железничкиот коридор каде што треба да добиеме брза пруга за патнички од 160 до 200 км/ч и карго сообраќај од 120 км/ч. Во однос на коридорот 8, работиме и автопат и железница. Автопатски сме понапред, но има уште доста работа. Вчера бев во посета на автопатот Охрид-Кичево, таму одлично напредуваме. Исто така, се гради секцијата од Букојчани до Кичево, од Букојчани до Гостивар, од Гостивар до Тетово. А на источната страна, работевме со ЕУ во делот од Страцин до Крива Паланка и обиколница на Крива Паланка, а сега ќе работиме заедно на потегот од Страцин до Куманово, односно до Романовце. И заедно со Светска банка и Европска Унија работиме на модернизација и проширување на преминот Ќафасан и преминот Деве Баир, како би можеле да имаме еден поголем проток. Тука се и двата аеродроми кои што се лоцирани токму на коридорите. Оваа година очекувам да надминеме 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо до пред две години. Јас кога бев избран, очекував некаде докај 2031-2032 година да стигнеме до 4 милиони патници, еве имаме среќа веќе во 2026 година ќе одиме на 4 милиони патници, што за држава од 1.800.000 жители е навистина една огромна бројка” – потенцира вицепремиерот Николоски во своето обраќање на панел дискусијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаЈаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме ориентирани кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот министерски состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан што се одржува во Брисел, во организација на Европската комисија. „Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно - технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите“, рече Јаневска. Информираше дека Македонија има 7 центри за трансфер на технологии, 5 технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во процес на основање се виртуелен научно – технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата. Јаневска додаде и дека проектот ВЕЗИЛКА пак е првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција. „Тековен главен фокус е намалување на одливот на мозоци и создавање услови за задржување на младите истражувачи во земјата каде се очекува да го реализираат својот личен потенцијал“, рече министерката, потенцирајќи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици во областа на науката и истражувањето и идентични можности за подеднакво да придонесат кон регионално справување со истите. „Имаме национални стратегии за паметна специјализација и заедно со Планот за раст и реформска агенда сметам дека се најважните документи чие исполнување дополнително во голема мера ќе ја стимулира науката и истражувачката дејност на регионот, но и ќе ја зголеми продуктивноста и економскиот раст на сите земји од Западен Балкан“, додаде Јаневска. Заедно со повеќе министри за образование и наука од регионот, Јаневска учествуваше во дебата за креирање политики насочени кон поддршка на иновации и дебата за добри практики во истражувањето, а подоцна во текот на денот ќе оствари и билатерална средба со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter