Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
2Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
3Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
БалканПротест со тензични моменти и барање за оставка на градоначалникот на Тирана, Велиај Протест со тензични моменти и барање за оставка на градоначалникот Велиај пред градското собрание на ТиранаПротест со тензични момент беше одржан денеска пред градското собрание на Тирана, со барање за оставка на градоначалникот Ерион Велиај, по скандалот за вмешаност во корупција на високи општински функционери, потврдена во истргата од Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Протестот беше во организација на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија „Обнова на ДП“ а учествуваа поголем број граѓани, поради, како што велат незадоволството од работата на Велиај. Учесниците во протестот, меѓу кои и ќерката на Сали Бериша, Аргита Малтези, демократски пратеници и советници од оваа и Партијата на слободата на Илир Мета, се судрија со полицијата во обид насилно да влезат во објектот, а фрлаа и пиротехнички средства и молотови коктели. Физички конфликт со полицијата имал и членот на Советот на општина Тирана и генерален секретар на Партијата на слободата, Теди Блуши, заканувајќи се дека по секоја цена ќе влезат во зградата, но бил спречен во тоа од бројните полициски сили. -Каде одат фондовите на Тирана?! Ни ги земаат средствата и ги користат. Овие лидери не се само обични раководители во администрацијата, туку се политички раководители, блиски соработници на Ерион Велиај. Каде одат овие средства?! Бараме надворешна ревизија за сите средства кои се трошат во општина Тирана за периодот кој не е контролиран од Високата државна контрола. Едноставно барање, јасно антикорупциско барање, изјави за медиумите Илир Алимехмети, член на советот на општина Тирана од редовите на ДП. Ова е втор протест, по оној на 5 месецов, што го организираше Алијансата за заштита на театарот, поддржан од ДП и Партијата на слободата, со истото барање-оставка на Велиај, кој пак ги отфрла сите обвинувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИван Анастасовски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Провокативната Нивес со интересни фотки и поракаХрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака. „...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес. Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници. Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста. Тагови: нивес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБелгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија. Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT. „Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис. Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон. Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира. „Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени. „Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook