Протест со седење во Белград , се протестира и низ Србија (Во живо)

Трета вечер во Белград се одржуваат протести , вечерва со седење пред Собранието , а протести почна аи во неколку градови низ Србија.

Денеска српската премиерка најави нови мерки за Белград, кои вклучуваат забрана за собирање на повеќе од 10 лица на затворено и отворено, но тие мерки сè уште не се стапени во сила, па затоа не важат за вечерашните нови протести.

Инаку, синоќешните протести, како и ноќта претходно, беа обележани со брутално насилство. Вчера војната меѓу полицијата и демонстрантите на улиците во Белград траеше шест часа, а на социјалните мрежи кружат снимки од новата полициска бруталност. За разлика од првиот ден, протести се одвиваа и во неколку други српски градови, покрај Белград, каде имаше и инциденти.

Освен во Белград, протести има и во Нови Сад, Ниш, Чачак, како и во Нови Пазар, Зрењанин, Врање, Лесковац ...

Демонстрантите низ цела Србија моментно се држат до новиот план - да седнат за да направат разлика помеѓу хулиганите кои започнуваат конфликти и за кои тврдат дека ги води Вучиќ. „Не станувај, седи“, „Уапси ги хулиганите, не го тепај народот“, се некои од пораките на демонстрантите во Белград и Нови Сад.

Протестни митинзи против претседателот Александар Вучиќ започнаа и во Ниш, Суботица и Крагујевац.

„Блиц“ пренесува дека полицијата со своите возила го блокирала сообраќајот околу српскиот парламент. Дел од демонстрантите се во паркот Пионер, во близина на зградата на Собранието.

Видео: Карлеуша во ленти!!

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.

Популарната Карли на радост на фановите одлучила да се снима полугола, а во преден план да ги истекне бујните гради и задникот, и видеото да го објави на Инстаграм.

Карлеуша на себе има интересен костим за капење , ленти преку градите и интимните делови од телото.

Pretty in @prettylittlething ✌🏻

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Откако атрактивната пејачка ја среди линијата скоро до совршенство сега нема проблеми во секоја објава да го истакнува своето тело.

Инцидент кај старата градска болница во Скопје, интервенирала и полицијата

Инцидентот настанал поради претходно настаната сообраќајна незгода во која било прегазено дете.

Во близина на болницата за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје вечерва дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства при претходно случена сообраќајна незгода во која според првичните сознанија било удрено дете, изјавија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Екипи на МВР се излезени на лице место на увид со цел утврдување детали за настанот./МИА

Директорката на ДСЗИ, Д-р Сотирова Бухова во самоизолација, член на семејството позитивен на ковид – 19

Директорката на Државниот Здравствени и Санитарен Инспекторат, доктор Ирина Сотирова Бухова од денеска е во самоизолација откако член на нејзиното семејство добил позитивен тест на коронавирусот.

Во соопштение објавено на веб страницата а ДСЗИ Бухова наведува дека првиот текст покажал оти е негативна но дека останува дома по епидемилошка препорака.

-По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро,немам никакви симптоми. Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемиолошката препорака, ќе останам дома. Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на ДСЗИ.

притисни ентер