Протест пред владата на Црна Гора поради масакрот во Цетиње: Рацете ви се крвави - Канал 5

Протест пред владата на Црна Гора поради масакрот во Цетиње: Рацете ви се крвави

Според проценките на црногорските медиуми, околу илјада демонстранти вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада за да протестираат против трагедијата што го снајде Цетиње на 1 јануари поради масовното убиство во тој град.

Протест пред владата на Црна Гора поради масакрот во Цетиње: Рацете ви се крвави

Според проценките на црногорските медиуми, околу илјада демонстранти вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада за да протестираат против трагедијата што го снајде Цетиње на 1 јануари поради масовното убиство во тој град, додека се одржуваше седница на Советот за национална безбедност во зградата на Владата, објави Индекс.

Демонстрантите побараа одговорност и смена на целото раководство во безбедносниот систем.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“, „Системот ви е скапан“ и „12 минути молк“ и извикуваа „Убијци, излезете“ и „Оставка“.

Тие ги извикуваа и имињата на жртвите од трагедијата што се случи во средата во Цетиње, кога Ацо Мартиновиќ од Цетиње уби 12 лица.

Демонстрантите особено ги испровоцира појавата на десетици полицајци пред зградата на црногорската влада. Во тој момент демонстрантите почнаа да извикуваат „Каде бевте на 1-ви јануари“, „Во дупки, срам да ви е“, „Бандо“.

Во црногорските медиуми претходно беше објавена информација дека во моментот на трагедијата во Цетиње, град со околу 16.000 жители, имало само 9 полицајци.

Ацо Мартиновиќ од Цетиње во средата уби 12 лица, а четворица тешко рани во крвав напад на Цетиње. Меѓу жртвите има и две деца.

Нов протест во недела во Цетиње и Подгорица најави неформална група студенти „Каде до утре?“.

Синоќа во повеќе црногорски градови беа запалени свеќи во чест на жртвите од масакрот во Цетиње.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!

На социјалните мрежи повторно се појавија закани за физичко насилство кон новинарот Александар Видиновски, овој пат со повик за „газење“ под видео објавено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!

„Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил корисно, што снимал ѓубре?! Да не земал да исчисти? За џаболебари кои немаат што да направат во животот, само газење.“ Ова е содржината на последната закана јавно објавена на социјалните мрежи. „Газењето“ се препорачува под видео објавено на профилот на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Во последниот период зачестија заканите кон новинарот, а за овој и за сличните случаи поднесена е пријава до МВР. Досега неколку пати реагираа и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК го потврди она што го зборува СДСМ - Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судствотото

Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, - Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива.

ЕК го потврди она што го зборува СДСМ -  Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судствотото

Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта.

Ова не е општа забелешка, ова е директна и сериозна дијагноза на состојбата во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија.

Комисијата предупредува дека измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост, дека постои политичко влијание врз постапките на судиите и обвинителите и дека независноста на правосудниот систем е сериозно загрозена.

Ова се случува во момент кога Македонија треба да ги исполнува најстрогите стандарди за владеење на правото доколку сака да продолжи кон Европската унија.

Она што Европската комисија го забележува како системски проблем е токму резултат на политиката која ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Наместо независно судство и обвинителство, граѓаните добиваат политичка контрола врз институциите, селективна правда и заштита на криминалот на власта.

Европската комисија јасно порачува дека без вистинска независност на правосудството нема напредок кон ЕУ. Мицкоски и ВМРО, наместо да ги спроведуваат реформите, продолжуваат со истата практика на притисок и контрола која ја имаа и во минатото.

Граѓаните на Македонија не смеат да дозволат правдата да биде во рацете на оние кои ја штитат криминалната мрежа.

Време е за одговорност. Време е за независно судство. Време е за Европа.

Скопје, 18.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ:По седум години обезбедени учебници по странски јазици, инвестирани над 70 милиони евра во училишта, спортски сали

По седум години обезбедени учебници по странски јазици, инвестирани над 70 милиони евра во училишта, спортски сали и задоволен наставен кадар со покачени плати

ВМРО-ДПМНЕ:По седум години обезбедени учебници по странски јазици, инвестирани над 70 милиони евра во училишта, спортски сали

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт образованието се враќа во фокусот државните приоритети. Заврши времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците.

Наставниците добија предвидливост и редовно покачување на платите, додека учениците стабилен наставен процес со учебници по сите предмети во своите раце.

За разлика од претходните седум години власт на СДС, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над еден милион примероци се на училишните клупи и истите се набавени по значително пониски цени, со што само во последните две години се заштедени околу 45 милиони денари.

Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училиштен ден и за првпат по седум години, учениците повторно добија учебници по странски јазици.

Од друга страна, спротивно на минатото, кога платите се покачуваа исклучиво пред избори и никој не знаеше колку ќе изнесува покачувањето, денес постои јасен и предвидлив систем кој го вреднува и достоинствено го плаќа трудот на наставниот кадар и, со избор на звањата ментор и советник, се овозможи кариерен напредок за наставниците и стручните соработници во средното образование.

Со потпишаната спогодба со СОНК, во зависност од инфлацијата, обезбедено е гарантирано зголемување на платите во следните четири години од 40 до 60 проценти, со што само во првите две години платите на сите вработени во образованието се зголемија за повеќе од 20 проценти.

Забрзано се модернизира образовниот процес, така што над 160 училишта се опремени со современа ИТ опрема, дигитализирани се сите услуги за учениците и студентите, се воведе нов електронски дневник и електронски свидетелства и се обучија над 1.000 наставници за етичка примена на вештачката интелигенција.

Посебно внимание се посвети и на образовната инфраструктура, при што само во првата година од мандатот се инвестирани над 70 милиони евра во нови училишта, спортски сали, реконструкции и проширување на училишни капацитети.

Посебно внимание е посветено на инклузивното образование и за таа цел за прв пат се воведоа 150 образовни асистенти во средното и од 800 на 1.350 се зголеми нивниот број во основно образование.

Владата несебично се вложи за подобрување на состојбите, покажа одговорна политика и сериозни инвестиции кои го враќаат достоинството и квалитетот во образованието.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер