Протест пред УЈП во Тетово, се бара сторнирање на решенија за данок на доход - Канал 5

Протест пред УЈП во Тетово, се бара сторнирање на решенија за данок на доход

Пред Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово попладнево протест одржаа десетици граѓани, кои на овој начин изразуваат револт поради издадените решенија на институцијата за плаќање данок на приход заработен во странска земја

Протест пред УЈП во Тетово, се бара сторнирање на решенија за данок на доход

Главните аргументи на оваа група граѓани се дека тие биле 183 дена во странство и дека со тоа не се даночни резиденти.

- Сите овие решенија што ни се издадени да се стопираат. Бидејќи сите ние имаме работено по шест, седум, осум месеци. Според член 5 од Законот за нерезидентоста, сите ние имаме докази дека сме плаќале данок таму. Сите докази што сме ги доставиле тие не ги прифаќаат. Второ, бараме одговорност од нивната страна бидејќи ова е по пет години. Бараме одговорност зошто тие навремено не нè известија. По толку време, нè известуваат, тоа значи во тесен рок од 15 дена пред Нова година. Немавме време ни да собереме документи, сите ние имаме рокови од 30 дена да го обжалиме ова решение - изјави Зоран Наковски.

На протестот на групата граѓани од Тетово денес им се приклучија неколкумина од Куманово, кои повеќепати протестираа во својот град и побараа директна средба со директорката на УЈП. По писмена преписка, групата од Куманово има договорено средба на нивни претставници со раководството на УЈП в петок во Скопје.

- Централната власт да ни помогне, Министерството за надворешни работи, конзулатите да ни обезбедат документација, Министерството за внатрешни работи да ни даде документација за влез/излез од државата, кои се наше уставно право да ги имаме ние тие податоци за да докажеме дек не сме биле во тој момент во државата - изјави Жикица Миланов од Куманово.

Според него, на средбата со раководството на УЈП ќе се бара издадените решенија да се сторнираат.

- Директорката си кажала на ТВ „Телма“ дека ние сме добиле решенијата 2021 година, ама граѓаните не си ги намириле тие решенија. Таа треба да докаже, ние ја демантиравме дека сме добиле такви решенија. Ние докази имаме дека такви решенија нема и луѓето што имаат вадено решенија подоцна, 2022, 2023, 2024, немаат никаков данок за плаќање по основ на плата, личен доход од странство - рече Миланов.

Управата за јавни приходи информира дека престојот во странство подолг од 183 дена не ја исклучува даночната резидентност. Воедно, обврската за пријавување и даночење на доход остварен од странство во согласност со Законот за данок на личниот доход не е нова законска мерка што би се применувала ретроактивно, а секој е должен да го пријави својот целокупен светски доход и да го даночи во согласност со законските прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година  во Киев.

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Македонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена.

Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена.

Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање.

Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. 

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот..

Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер