3Гревови од младоста: Началникот на армијата на Нов Зеланд поднесе оставка поради „несоодветен однос„
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
1Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
МакедонијаПротест пред Собранието за оданочувањето на приходи од странствоДржавата сака двојно да ни ги одданочи парите заработени во странство, велат граѓани кои и денеска излегоа на мирен протест, овој пат блокирајќи го булеварот пред Законодавниот дом. Бараат повторно, автентично толкување на членот 5 од законот за резидентност и велат нема да се откажат од нивната борба за правда. Според нив Управата бара да платат илјадници евра данок кој тврдат е веќе платен во странство. „Конкретно за мене јас имам да платам 3 илјади евра за 2020 година само за 6 месеци. Имаме луѓе кои имаат работено 21, 22, 23, 24,25 така да кога ќе се соберат тоа се многу пари....Сите наши фирми кај што имаме работено имаат платено данок, неколку фирми ни доставија доказ, тој доказ е доставен до УЈП имаме одговор од нив дека не е валиден и се уште се разгледува...“ - Зоран Наковски – Правда за сите, граѓанин кој работел на Блискиот исток. Заедно со граѓаните кои работеле во базите во Авганистан и Ирак, на протестот присутни беа и дел од студентите кои работеле во странство преку Work and Travel програмата. Велат наместо државата да им помогне, управата бара пари од нив... „Двојното одданочување прво не е корисно второ не е економски здраво, а трето ако на оваа влада и се потребни пари нека ги скратат со нова фискална политка и нека скратат кај непродуктивни трошоци..Еден просечен студент во Македонија носи 10илјади долари. Минатата година се заминати во САД 600 студенти по 10 илјади долари тоа е 6 милиони кои се вратени инвестирани во Македонија.... “- Рашков Стојан – претставник на студнетите (Work and Travel програма). Со транспаренти во рацете 50тина граѓани бараат појаснување и решение за, како што велат, спорните барања од институцијата. Од здружението „Правда за Сите“ велат ако е потребно правдата ќе ја бараат и пред суд... „Сите што имаат добиено решенија во јануари се обжалени се наведам дека кога ќе дојдат оние конечни решенија повтроно ќе ги обжалиме и најверојатно ќе спремиме тужба и против УЈП....Ние не сме против даноци си плаќаме редовно даноци. Јас сум од 2021 и колега сме вратени и редовно сме ги плаќале тие даноци – зошо УЈП посел 5 години се враќа назад и вели вие сте имале добиено маил решенија. Јас направиви профил на УЈП во февруари 2026 ниту имале мој маил ниту јас акаунт...“ - Жикица Миланов – Здружение „Правда за Сите“ . Директорката на УЈП, пред една недела на брифинг со новинарите увери дека нема да има двојно оданочување, и дека сите оние кои имаат платено данок во странство треба само да достават доказ. За оние кои не можат да ги добијат потврдите поради временската дистанца, Петрова рече, дека ќе им се помогне и преку МНР ќе се испратат барања до државите каде работеле. Тагови: протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЖивотВо недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови Со претстојната промена на часовникот и пораното затемнување, од недела официјално влегуваме во годишното време кое носи со себе забележителна промена во дневниот ритам и потрошувачките навики на населението. Преминот кон таканареченото зимско сметање на времето традиционално го означува почетокот на сезоната во која фокусот на општествениот и економскиот живот се пренесува од отворените простори во топлината на домот, отворајќи нови полиња на раст за цела низа економски сектори. Пазарните аналитичари истакнуваат дека раното затемнување делува како силен психолошки поттик за враќање на навиките поврзани со удобноста на домот. Од првиот работен ден во новиот ритам, се очекува значителен скок во користењето на платформите за стриминг и услугите за дигитална забава, бидејќи вечерните часови стануваат резервирани за филмови, серии и релаксација со семејството. И тоа е првата неверојатна промена. Нема ни да забележите дека од тој ден всушност поминувате повеќе време пред екранот. Заедно со е-забавата, апликациите за достава на храна и продавниците доживуваат најголем бум. Вечерите дома стануваат попрактичен и поудобен избор за многу граѓани, што отвора можност локалните ресторани и специјализираните услуги за достава значително да го зголемат обемот на работење за време на вечерните врвови. Иако летните градини природно полека ги празни своите места со првиот самрак и посвежите вечери, угостителската индустрија доживува динамична трансформација, а не стагнација. Сопствениците на ресторани со нетрпение го поздравуваат пренасочувањето на гостите кон затворени простори, каде што топлите пијалоци, специјализираните менија и пријатните, интимни ентериери стануваат клучни средства. Сезоната што претстои, со тоа, уште еднаш ја потврдува прилагодливоста на модерната економија, во која темнината не ја гаси потрошувачката, туку само ја пренасочува кон нови, поудобни и потопли текови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
СветМеланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот ОлешкиБелата куќа објави дека Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, успешно обезбедила прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки.„Русија и Украина се согласија привремено да ги суспендираат сите воени дејствија во градот за да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви за евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, додаде Белата куќа. Договорот ќе стапи на сила на 29 октомври. Олешки е украински град на руско окупираната страна од реката Дњепар, спроти Херсон. Откако руските сили го зазедоа во 2022 година, тој е сведен на урнатини и отсечен од светот. Сепак, илјадници цивили, вклучувајќи деца, остануваат таму. Според извештаите, тие живеат без електрична енергија, вода за пиење и редовни залихи на храна. Жителите потврдија за Скај њуз дека многу луѓе варат трева за да преживеат.Тагови: Меланија Трамп русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21