2Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканПротест пред општина Тирана, се бара оставка на градоначалникот ВелиајПред градското собрание на Тирана денеска беше одржан протест во организација на Алијансата за заштита на театарот, а се приклучија и опозициските партии и голем број граѓани.Главното барање, според организаторот, е итна оставка на градоначалникот Ерјон Велиај, поради „вмешаност во корупција“, уривањето на стариот тетар и намерата на тоа место наместо нов театар како што беше претходно ветено, изградба на повеќекатници. Протестот беше свикан по приведувањето, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, на поранешни директори на оваа општина, за тендерски злоупотреби и милионски профити со фирмата „5Д“. Исто така градоначалникот на Тирана се споменува и за акции во хотел во Драч, но Велиај тоа го демантираше. Учесниците во протестот се обидоа наслно да влезат во зградата, туркајќи го полицискиот кордон а врз објектот фрлаа со јајца и јаболка. На протестот покрај пратеници и партиски функционери од побројното крило на опозициската демократска партија, „Обнова на ДП“, на Сали Бериша, се приклучи и Аргита Малтези, ќерката на Бериша, која за медиумите изјави дека „Велиај е грда копија на Рама“. Поддршка протестот доби и од Партијата на слободата на Илир Мета, чиј генерален секретар Теди Блуши од директорот на полицијата на Тирана, Тонин Воцај, кој ги предводеше бројните полициски сили, побара веднаш да го уапси Велиај. Подоцна се приклучи и Мета, обвинувајќи дека „Велиај ја продолжува криминалната политика на Рама“. -Како што знаете, Ерјон Велиај во продолжение на криминалната политика на Еди Рама ја надмина секоја граница, додели илјадници квадрати градежни дозволи во Тирана само за перење пари во функција на оние кои контролираат нарко -трговија и сите криминални активности и перење пари на инсинератори и сите ЈПП. Во меѓувреме во Тирана 55.000 станови се празни, рече меѓу другото Мета. На крајот на протестот Адријана Калаја од Алијансата за заштита на националниот театар накави дека до СПАК ќе поднесат пријава против Велиај. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаСрбин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир КапијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско Лишен од слобода албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отвореноНа 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител. Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter