Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

-Последниве 30 години свесното и несвесното уништување на здравствениот систем кулминира. Близу сме до крахот на здравствениот систем.

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници" денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, како резултат на серијата напади кои се случија во изминатиот период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини. Тие проблемот го гледаат во политичката апатија, негрижата и инертноста кон здравствениот систем, кој, велат, континуирано пропаѓа.

-Последниве 30 години свесното и несвесното уништување на здравствениот систем кулминира. Близу сме до крахот на здравствениот систем. Револтот кај граѓаните кулминира и затоа овие секојдневни инциденти, рече Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Тој исто така вели дека се свесни оти има некоректен однос на одредени здравствени работници. Прифаќаме, посочува Лазаров, дека проблемот е комплексен, дека постои и во нашите редови, но време е да бидеме заштитени, време е за подобрување на квалитетот на услугите за пациентите.

Неговиот колега Божидар Кочовски рече дека како здравствени работници бараат создавање систем кој ќе биде околу пациентот, ќе овозможи подобрување на комуникацијата со пациентите за да се превенираат тие несакани појави и да се слушне нивниот глас.

Тие бараат отворена дебата со властите за да ги адресираат своите проблеми. Испорачаа пет барања – донесување закон за докторска дејност, итно спроведување и законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз службено лице, полициско обезбедување на сите здравствени установи, особено во ургентните центри, вклучување на младите лекари во носењето на сите здравствени политики и задолжително организирање внатрешен систем на контрола на медицинските работници. Не дадоа конкретен рок до кога очекуваат тие да бидат исполнат, но порачаа дека тој треба да биде кус, оти во спротивно ќе престанат да ја извршуваат својата работа.

Од Синдикатот на Клинички центар велат дека здравствените работници се со пациентите, а не против нив.

– Притоа тие мора да не почитуваат и да разберат дека не сме семоќни. Истовремено мора и вработебните во здравството да се потсетат на етичкиот кодекс, Хипократовата заклетва и не смеат своите нервози, фрустрации и замор да ги изразуваат кон пациентите во никој случај, рече Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар

Побараа 24-часовно обезбедување на секоја здравствена установа во земјава и видео надзор онаму каде што законските прописи дозволуваат.

Министерот за здравство Венко Филипче кој даде поддршка на здравствените работници, истакна дека е потребно да се спроведе процес на враќање на довербата меѓу пациените и здравствените работници, да се упати порака дека со насилство не се решаваат работите.

– Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака кон здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени парични, но и затворски казни. Преземавме конкретни мерки со МВР, ќе има мобилна патрола во регионот на стра градска болница, каде се случуваат најголем број инциденти, но и други места каде се третираат голем број пациенти, рече Филипче.

Најави и дополнителни мерки кои ќе го унапредат статусот на здравствените работници, преку зголемување на плати, дежурства, услови во кои работат здравствените работници.

– Моето присуство овде е поддршка, затоа што ова е нешто што се случува со години наназад. Обезбедувањето треба да биде професионално. Минатата година година имавме обиди да обезбедиме некаква форма на професионално обезбедување со оглед на тоа дека обидите да се искористат вработебни од јавниот сектор беа неупсешни заради администравни пречки, сега се решивме за професионално обезбедување, рече Филипче

Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски" во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и во Кавадарци.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

Под мотото „Будење“, во Србија се одбележува годишнината од страшниот масакр

Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во 08:41 часот утринава медиумите во Србија ги прекинаа телевизиските и радио програмите. Тоа е времето кога точно пред една година Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му, почна да ги убива соучениците, а уби девет ученици и училишниот чувар во училиштето.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. Глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

По палењето на свеќите, граѓаните ќе можат да го посетат т.н „простор на тишината“, како што организаторите го нарекоа просторот на улиците околу ОУ „Владислав Рибникар“.

Во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“, во чест на убиените ученици.

Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки. Убиецот нема да одговара бидејќи немал 14 години кога ги извршил убиствата. Тој е на лекување во психијатриска болница.

притисни ентер