Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ - Канал 5

Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ

Тој вчера беше петтипат уапсен за нешто повеќе од два месеци, откако повторно со свирење, заедно со негови сопартијци, протестираше поради доаѓањето на локалните функционери Албанци на шеталиштето во Митровица.

Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ

Пред полициската станица во Северна Митровица утрово почна протест поради апсењето и полициското приведување на лидерот на партијата на косовските Срби, Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тој вчера беше петтипат уапсен за нешто повеќе од два месеци, откако повторно со свирење, заедно со негови сопартијци, протестираше поради доаѓањето на локалните функционери Албанци на шеталиштето во Митровица.

Арсенијевиќ и претходно беше приведуван за слични дејствија, но веста е дека сега апсењето е извршено врз основа на директна наредба на обвинителот со обвинение за наводно малтретирање, а врз основа на најмалку две пријави од шефот на кабинетот на градоначалникот на Северна Митровица, Висар Сиља, пишува косовскиот портал на српски јазик КоССев.

Лидерот на СД, сега првпат не е ослободен, туку му е одреден 48-часовен притвор.

Тој од вчера е во притворското одделение во јужна Митровица, а активистите на неговата партија синоќа најавија протест и бараат итно ослободување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД

Во албанскиот парламент се случи  вистински хаос откако опозициски пратеник одзема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД, по што следуваше  драматична потера низ собраниската зграда.

Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД

На социјалните мрежи случката ја споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“.

На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите американски држави, по што се обидува да го напушти местото.

На снимката се гледа како пратеникот трча низ парламентот со документот во рацете, додека по него трча секретарката на Собранието во обид да го запре.

Додека трае потерата таа паѓа по скалите.инцидентот предизвика бројни реакции, а снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Оваа година заклучно со вчера, во Mакедонија се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. 

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Од регистрираните случаи, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен.

„Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и од Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инку-бацискиот период покрива и престој во Македонија.

Почетокот на симптомите кај 5 лица од заболените е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден случај во мај“, пишува во извештајот од Институтот.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос од оваа година, а заклучно со 22 јули, идентификувани се 35 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска.

Во шест земји во европа овие региони се наоѓаат во Италија , Грција Романија, Македонија, Шпанија и Франција.

Во оваа сезона, кај луѓе во европскиот регион, првиот регистриран случај е од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го испраќа талентот Франко Мастантуоно на калење во Бенфика?

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, би можел да го напушти клубот ова лето и да замине на позајмица.

Бенфика се спомнува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да избори поголема минутажа по доаѓањето од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра.

Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, дополнително ќе се заостри конкуренцијата на позицијата десно крило.

Затоа Мадрид и Жозе Мурињо сакаат да му најдат клуб каде што би играл редовно. Очигледно, покрај Бенфика, заинтересирани се и Фулам и Фиорентина, но португалскиот клуб има предност бидејќи игра во европските натпреварувања.

Реал верува дека позајмицата би можела да има ефект сличен на оној од престојот на Ендрик во Лион минатата сезона, каде што Бразилецот доби минути за развој и имаше добри настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер