Протест на поранешните вработени во „Треска“

Со блокирање на влезната капија на некогашната фабрика за мебел „Треска“ и со транспаренти „Правда за Треска“ - поранешните вработени во фабриката излегоа на мирен протест за да го искажаат својот револт за како што велат - децениската мака. 

Бараат да им се исплатат 24 заостанати плати и 2 ипол години стаж на над 500 стечајци. Велат дека веќе една деценија никој од надлежните немал слух за нивните барања, а тие ќе продолжат со протести се додека не се реши нивниот случај.

„Ние ќе продолжиме се додека не се остварат нашите права. Не остапуваме од тоа. Ние работевме, ние си го заслужуваме сето тоа. Не можеме да им остаиме на нив да речат Готово! со „Треска“, се руши се градат напулитанки. Па од тие напулитанки што ќе ги градат едно приземје и еден спрат нека продадат нека не обештетат. Тогаш ќе се повлечеме, ние ништо повеќе од тоа не сакаме, “ вели Виолета Атанасиева, стечаец од „Треска“ .

„Сите се обештетија. Парите што ги земаат од кириите од “Треска“ ги зема државата. Па само државата ли ќе ни ги зема парите ?! Кај сме ние, кои сме ние ?! 24 плати заработени, изработени, земено пари. Имаме уште имот во „Треска“ надвор, само една да се продаде ќе се подмират побарувањата на вработените. Но, не сака никој ни да мрдне,“изјави Димитрија Мицевски, стечаец од „Треска“.

Отткако во 2003тата отиде во стечај „Треска“ изминатиов период е повторно актуелна во јавноста по сознанијата дека според планираниот ДУП на таа локација е предвидено да никнат висококатници. Планот за градење нови згради во Центар ги разгневни и активистите и архитектите кои покренаа и иницијатива до Општината да се распише оглас за тоа како да се уреди просторот на атрактивната локација. Надлежните пак уверуваат дека за судбината на имотот на „Треска“ ќе бидат прашани граѓаните.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер