Протест на бизнисмените во Варшава против мерките на рестрикција, приведен и организаторот (ВИДЕО)

Полската полиција интервенирала на протестот на бизнисмените во Варшава против мерките со кои владата се обидува да се справи со епидемијата и со економските последици.

Полицијата го уапси организаторот на протестот, Павел Танајн.

Неколку стотици демонстранти, на покана на кандидатот за претседател на Полска, претприемачот Павел Танајн, се собраа почитувајќи ја пропишаната оддалеченост од два метра, со маски на лицето пред Палатата за култура и наука во Варшава, каде донесоа ковчег во кој симболично ги погребаа граѓанските права.

„Дејствувајте како да сте на прошетка. На чекорите поставуваме крст од свеќи и цвеќиња. Тоа е симбол на крстот што е поставен врз рамениците на граѓаните“, рече Танајн на почетокот на протестот.

Демонстрантите беа опкружени со силни полициски сили, предупредувајќи преку мегафон дека протестот поради санитарните мерки во врска со корона ,е нелегален.

Иако демонстрантите извикуваа дека „сè уште никој не ја забранил прошетката“, полицијата започна да ги дели демонстрантите во групи со кордони додека одеа на протестен марш низ центарот до палатата на полскиот претседател Анджеј Дуда.

Организаторот Танајн, по расправијата со полицајците и обидот за пробивање на кордонот, е уапсен додека полицијата продолжила да ги раздвојува демонстрантите и да ги легитимира.

"Нема согласност за напад врз полицајци. Ако некој крене рака против полицаец, нè принудува да реагираме решително. Потврдуваме дека Павел Танајн е уапсен за напад на службено лице за време на нелегален собир", изјави портпаролот на полицијата во главниот град, Силвестер Марцак за полската приватна телевизија Полсат.

Портпаролот потсети дека целиот протест е нелегален и рече дека полицијата прибегнала кон сила во случајот на агресија на демонстрантите против полицијата.

Ова е шести протест на полските бизнисмени незадоволни од мерките за ограничување во сузбивањето на епидемијата на коронавирусот, па дури и повеќе со мерките донесени од полската влада на премиерот Матеуш Моравиецки за помош на замрзнатата економија.

За прв пат, бизнисмените се собраа на крајот на март на протест во автомобили и го блокираа Театарскиот плоштад во Варшава, а пред една недела се собраа пред Кралскиот замок со намера да одат на седиштето на владејачката партија Закон и правда, меѓутоа, полицијата интервенираше со солзавец и приведе 380 демонстранти.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер