Протекоа лични податоци на 70.000 корисници на „Дискорд“ - Канал 5

Протекоа лични податоци на 70.000 корисници на „Дискорд“

Платформата „Дискорд“ (Discord), популарен начин за размена на пораки меѓу гејмерите, објави дека фотографиите од личните карти на речиси 70.000 корисници протекле поради кибернапад.

Протекоа лични податоци на 70.000 корисници на „Дискорд“

Протечените податоци би можеле да вклучуваат лични информации, делумни информации за кредитни картички и пораки разменети со агенти за услуги на корисниците, според компанијата со седиште во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Платформата, којашто ја користат повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот, наведува дека хакерите не го компромитирале самиот „Дискорд“, туку партнерската компанија што ја потврдува возраста на корисниците, пишува „Би-би-си“ (BBC). Корисниците, инаку, можат да прикачат фотографии од лични документи за да ја потврдат својата возраст на „Дискорд“, којшто служи како средиште за комуникација и споделување датотеки во рамките на гејмерската заедница.

„Дискорд“ нагласува дека целосните информации за кредитните картички, лозинките и пораките и активностите надвор од комуникацијата со корисничката поддршка не биле компромитирани.

Сите корисници чии податоци биле потенцијално компромитирани се контактирани, а „Дискорд“ работи со полицијата за да го истражи инцидентот. Платформата, исто така, го отповика пристапот до системот на партнерската компанија којашто беше цел на нападот. Нејзиното име не е јавно објавено.

Претставник на „Зендеск“ (Zendesk) - компанијата што го обезбедува софтверот за поддршка на корисници на „Дискорд“, изјави дека нивните системи не се компромитирани и дека нарушувањето на безбедноста не е предизвикано од слабости на нејзината платформа. Се појавија и тврдења дека протекувањето на податоци е поголемо отколку што „Дискорд“ призна, но портпаролот ги отфрли тие обвинувања.

Личните податоци се честа цел на киберкриминалците, бидејќи достигнуваат високи цени на црниот пазар и се користат во различни измами. Информации како што се целосни имиња и броеви на лична карта се особено вредни бидејќи, за разлика од податоците за кредитни картички, тие вообичаено не се менуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац.

Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес.

Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје.

Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плутон го губи статусот на планета

Плутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно.

Плутон го губи статусот на планета

На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем.

Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија.

По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел.

Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем.

На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон.

Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти.

Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер