Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
1Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
3Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
СветПротекоа информации: Познато е каде се крие Али ХамнеиИранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, се преселил во специјално подземно засолниште во Техеран, откако високи воени и безбедносни претставници процениле дека ризикот од потенцијален напад од САД е зголемен.Хамнеи се преселил во утврден бункер, кој е поврзан со други објекти преку тунели, објави „Иран Интернешнл“, лондонска веб-страница за вести на персиски јазик, повикувајќи се на извори блиски до иранската влада. Изворите велат дека Масуд Хамнеи, третиот син на врховниот лидер, го презел секојдневното управување со канцеларијата на Али Хамнеи и е главен канал за комуникација со извршната власт. Извор: Б92Тагови: Техеран Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODCНов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за здравство Сашо Клековски денеска (10.09.2026) во Министерството за внатрешни работи остварија работна средба со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, Уктам Насиров. Средбата се одржа на иницијатива на министерот Тошковски, со цел отворање дискусија за унапредување на досегашниот пристап во борбата против недозволената трговија со дрога и психотропни супстанции, како и за можностите за поголема ефикасност и подобра координација меѓу надлежните институции. Во разговорите беа разгледани можностите за користење на експертските капацитети и искуството на UNODC, особено преку организирање јавни и стручни дебати, активности за подигнување на свеста за штетните последици од дрогата, како и размена на искуства и добри практики од други држави. Посебно внимание беше посветено на можноста за унапредување на законската рамка и разгледување модели што се применуваат во други европски држави. Во тој контекст беше разговарано за пристап според кој, зависно од видот и количината на пронајдената дрога и околностите на конкретниот случај, одредени дејствија би добиле соодветен кривично-правен третман, наместо да се третираат исклучиво како прекршоци. Истовремено, беше нагласена потребата од механизми кои ќе овозможат соработка со правосудните органи, како и соодветен здравствен третман и поддршка за лицата со зависност. Министрите Тошковски и Клековски ја истакнаа потребата борбата против дрогата да се води со координиран пристап во кој, покрај полициското и кривично-правното постапување, значајно место ќе имаат превенцијата, здравствената заштита и третманот на зависностите. На средбата беше разговарано и за поддршка на Националната опсерваторија за дроги и зависности, како и за натамошно продлабочување на соработката со Агенцијата за дроги на Европската Унија. Иницијативата беше позитивно прифатена од шефот на Канцеларијата на UNODC во Скопје, Уктам Насиров, при што беше изразена подготвеност за продолжување на разговорите, размена на експертски искуства и разгледување на најдобрите практики од регионот и пошироко. Заеднички беше оценето дека справувањето со недозволената трговија со дрога бара истовремено силен институционален одговор кон криминалните структури, ефикасна превенција и соодветен здравствен пристап кон зависностите, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: 58 случаи на западнонилска треска и прв во Свети Николе, 8 починати, хаосот продолжуваВо Македонија веќе се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, прв случај има во Свети Николе.Бројот на заболени расте, а бројот на починати достигна осум. Не се ова само статистички бројки – ова се човечки животи. Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Владата нема капацитет навремено да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира откако кризата ќе ескалира. Истиот модел на задоцнета реакција, институционален хаос и молк го гледаме и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Прво се молчи, потоа институциите задоцнуваат, а на крај граѓаните ги плаќаат последиците. Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без целосен извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување – задоцнета реакција, недоволна превенција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветНајмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на траект (ВИДЕО)Најмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на патнички траект во близина на брег на Филипините.Портпаролката на филипинската крајбрежна стража, соопшти дека во спасувачките акции што се уште траат досега од бродот се извлечени 42 лица. Траектот синоќа пловел од главниот град Манила кон Корон, кога ненадејно се запалил на околу два километри од брегот. Засега не е позната причината за пожарот. На траектот имало 134 лица. Властите започнаа истрага за причината за пожарот, како и за евентуално прекршување на безбедносните прописи, вклучително и дали траектот бил преоптоварен и дали на сите патници им биле обезбедени спасувачки елеци. PHILIPPINES FERRY FIRE LEAVES 5 DEAD, 87 MISSING At least five people died and 87 were reported missing after passenger ferry MV June Aster caught fire near Coron, Palawan. So far, 42 people have been rescued. A total of 134 people were onboard. pic.twitter.com/uLtsHnxCCP — Subodh Kumar (@kumarsubodh_) September 10, 2026 Тагови: пожар траект Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter