Протеинската салата на Ријана која не чини многу, а ќе ве засити

Американската пејачка Ријана го откри рецептот за својот омилен оброк. 

Се работи за протеинска салата која ќе ве држи сити подолго време, а ќе го снабди организмот со потребни состојки.

Ѕвездата од Барбадос за емисијата “Esquire” откри дека главната состојка во нејзината салата е леблебијата, која е одличен извор на протеини, белковини и растителни влакна.

За едно лице потребно е:

100 гр варена леблебија

1/2 краставица

1/2 домат

2 парчиња кромид

сол и бибер по желба

1 лажичка маслиново масло

ливчиња босилек за декорација

Упатство:

1. Пред варењето на леблебијата треба да ја потопите во вода, за да набабри – најдобро е од вечер

2. Исецкајте ја краставицата, доматот и кромидот и помешајте ги со леблебијата.

3. Состојките добро измешајте ги и додадете сол, бибер и маслиново масло. Украсете со босилек.

Карго авион принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден

Товарен Боинг 763 денеска принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.

Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.

Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.

Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.

ТРТ објави снимка на која се гледа како авионот слетува на нос на пистата.

Видео: Памела повторно нашминкана

По низата јавни појавувања без шминка, холивудската убавица Памела Андерсон се откажа од природниот изглед за нејзиното прво појавување на Мет Гала.

Секс бомбата од „Чувари на плажа“ се појави на црвениот тепих во фустан на Оскар де ла Рента без рамо и лесна шминка од шминкерот Пет Мекграт.

Во интервју за британскиот „Vogue“, Андерсон рече дека сака шминка која е „свежа, мека и етерична“ за да покаже елеганција.

Во текот на изминатата година, Андерсон стана заштитно лице на движењето за природен изглед по бројните јавни појавувања без шминка.

Израел почнува нови напади врз Газа во време додека траат преговорите за примирје

Израел денеска нападна цели во Појасот Газа, откако вчера ја презеде контролата врз главниот граничен премин кон Египет, земја во која преговарачите се обидуваат да ја искористат својата последна шанса да придонесат за договор за прекин на огнот.&nb

По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа клучен премин за испорака на помош на опколената палестинска територија.

Белата куќа го осуди нарушувањето на хуманитарните испораки.

Влегувањето во јужниот град Газа преполн со раселени цивили доаѓа додека посредниците во Каиро се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложниците и примирје во седуммесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хамас.

Анонимен функционер на Хамас предупреди дека тоа е „последната шанса“ на Израел да ги ослободи десетиците заложници што сè уште се држат во Газа.

Египетскиот „Ал-Кахра њуз“ објави дека сите страни, вклучително и Израел, се согласиле да ги обноват преговорите, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската делегација е веќе во Каиро.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, оцени дека тоа не е безначајно.

И покрај разговорите во египетскиот главен град, очевидци и локална болница известија за израелски напади низ Појасот Газа минатата ноќ и утринава, вклучително и околината на Рафа.

притисни ентер