Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
2Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
2Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
МакедонијаПрослава на 20-годишнината од црковната организација на македонскиот православен народ во Пиемонт, ИталијаВо италијанскиот регион Пиемонт се одржа прослава по повод дваесетгодишнината од постоењето на црквата „Свети Архангел Михаил“ во Неиве, во која се собира македонскиот православен народ.Овој значаен јубилеј сведочи за вера, традиција и духовен, културен и национален идентитет зачувани со голема посветеност. Македонците во овој регион се претежно од источна Македонија, а денес тука веќе живее трета генерација нашинци, додека првите доселеници пристигнале уште во 90-тите години. Во петокот вечерта се одржа свечена академија. Главен и почесен гостин беше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот и Архиепископ на Европската епархија, Пимен, чијашто присутност донесе голем благослов и силна духовна поддршка за нашата дијаспора. За време на вечерната програма настапи и македонското оперско трио „Џентлмен“, збогатувајќи ја свеченоста со висок уметнички настап. Како посебен гостин присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Архиепископот и Митрополит на словачката Михаловско-Кошичка епархија, Георгиј, чија присутност претставуваше значаен знак на духовно братство меѓу сестринските Цркви. Присуствуваа и Епископот на Алба, Марко Брунети, заедно со дон Емилијано, дон Елиџио и дон Пиерлуиџи, кои истакнаа дека Црквата ги обединува народите и дека македонската заедница е длабоко и успешно интегрирана во италијанското општество. Од локалните власти присуствуваа градоначалникот на Неиве, Паоло Пичинели, градоначалничката на Канели, Роза Џовине, и градоначалникот на Ница Монферато, Симоне Нозенцо, градови во кои живеат околу 3000 Македонци. Присутни беа и други градоначалници од регионот. Градоначалникот Пичинели нагласи дека Македонците значително придонесуваат за просперитетот на регионот, особено во областите по кои Пиемонт е познат: производството на врвните вина Бароло и Барабареско, како и одгледувањето лешници — токму од овој крај потекнува и прочуената фабрика Фереро, која ја произведува познатата Нутела. Присуствуваше и Генералниот конзул на Република Македонија во Местре (Венеција), проф. д-р Фросина Ременски, која ги пренесе честитките од дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Италија и од Министерството за надворешни работи, истовремено заблагодарувајќи се за поддршката на градоначалниците и на македонската заедница, како и за сите можности што им се овозможени на Македонците во регионот. Беше присутна и Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, која го истакна значењето на овој јубилеј за целиот македонски народ. Македонската православна црква во Пиемонт — храмот што денес ја обединува нашата заедница — е дадена под концесија од страна на Католичката црква за времен рок од 99 години и од тогаш претставува духовен дом на верниците во целата област. Во неделата, на 23-ти, Божествената Литургија беше отслужена лично од Архиепископот Пимен, што беше момент од силно духовно значење за сите присутни. По заедничкиот ручек следеше свечена забава со традиционални македонски ора и настап на пејачката Василија Петрова, која внесе радост и живост во целиот настан, на кој присуствуваа околу 1000 Македонци од целиот регион, кои се веселeа со македонските песни и ора. Сето ова немаше да биде возможно без нашиот парох на Македонската Православна Црква, отец Михајло Матевски, чија посветеност, трпение и духовна грижа во сите овие 20 години се темелна сила за нашата заедница, со која црквата стана духовен дом што ја негува верата, единството и заедништвото на Македонците во Пиемонт, се наведува во соопштението од членови од црковната организација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај васГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси. Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година. „Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето. Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование. За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“ Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот. Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош. – Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа. „Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде: „По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“ Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник. – Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државатаНема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter