МакедонијаПроштална средба на Гаши со американската амбасадорка АгелерПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер.На средбата Гаши изразил благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Особено била нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието. Претседателот на македонското Собрание упатил благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евро-атлантската ориентација на земјата. Во тој контекст била нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник. Гаши нагласил и дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој исто така изразил уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.Тагови: Агелер Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТранспортерите следниот понеделник излегуваат на протест пред делегацијата на ЕУ во СкопјеИдниот понеделник македонските превозници излегуваат на двочасовен протест пред делегацијата на ЕУ во земјава. Бараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. Простестот како што посочија од асоцијацијата Макам Транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање. Пред канцелариите на ЕУ според најавите ќе има минимум 20 возила и голем број сопственици, возачи и други вработени, а двочасовни протести од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Црна Гора. „Со сите превозници од Западен Балкан се договоривме да направиме еден симболичен протест на 31.08 со почеток во исто време во 12 часот ќе трае два часа со цел да испратиме порака до надлежните органи во Европската унија за изнајдување на преодно решение додека да се смени визната стратегија бидејќи самите признаа, што ќе се случува по натаму ќе зависи од состаноток во Брисел ние сите разговараме правиме анкети и анализи и ќе бараме најоптимално решение кое не би довело до штета на нашите држави.“- Биљана Муратовска – МАКАМТранс. Од транспорт и денеска повторија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери и се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот. „Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени. Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија...“ -Александар Николоски – министер за транспорт. И додека властите преговараат со земјите членки поединечно, од асоцијацаијта макам транс, велат доколку на состанкот на први септмеври не се доенсе преодно решение, на 14 ти е можен нов протест но на граничните премини... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаПожарот на Китка, меѓу Студеничани и Зелениково го обви во чад и Скопје Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба. Граѓаните од претпладнето се жалат на чадот, кој е раширен буквално во сите населби. Во центарот на градот е Афродита Рамос. Афродита се знае ли точно на што се должи ваквата состојба? -Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, ЦУК. Во моментов во Македонија се активни неколку пожари. Каде се има жаришта и каде е најкритично? -Најкритично меѓу Студеничани и Зелениково Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПопладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветерТоплото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време се очекува и во Скопје. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter