3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаПроширувањето на ЕУ е во срцето на данското претседателство со Советот на ЕУПроширувањето на ЕУ е во срцето на данското претседателство со Советот на ЕУ, а Македонија треба да ја искористи сегашната желба кај Унијата да се прошири.Проширувањето на ЕУ е во срцето на данското претседателство со Советот на ЕУ, а Македонија треба да ја искористи сегашната желба кај Унијата да се прошири, порача данската амбасадорка во земјава со седиште во Белград, Перниле Деилер Кардел во македонското Собрание. Презентирајќи ги приоритетите на данското претседателство за периодот јули-декември 2025 година, кажа дека прв приоритет за нејзината земја е безбедна и обединета Европа, покрај со Украина и Молдавија и со земјите од Западен Балкан. Таа призна дека руската агресија во Украина била, како што рече, повикот за будење во ЕУ, а Данска била меѓу земјите во ЕУ каде имало умори резерви за прширувањето, но сега околностите, вели, се променети. Македонија со сите ограничувања, често и со висока политичка цена, останува посветена на европсиот пат, но Копенхашките критетериуми и евроспките вредности, а не билатералните условувања и непринципиелни вета треба да бидат мерило за напредокот на земјите, порача министерот за европски прашања Орхан Муртезани. -Најважната порака што ја имам денес за вас е можноста за проширувањето која што е поголема сега отколку што била многу подолго време. Би сакале да ја видиме Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи, а ние сме тука да ви помогнеме, да ве поддржиме тоа да се случи. Важно е да се искористи можноста, не може да се гарантира меѓутоа можноста за проширувањето е тука. Ги знаеме предизвиците меѓутоа се работи за заедничка работа отколку да бидеме оставени на страна цело време. За да се осигураме дека оваа убава земја во следното проширување ќе стане земја членка на ЕУ, изјави данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел. -Условувањата што излегуваат надвор од европското правно наследство, наметнувањата што го поткопуваат кредибилитетот на процесот, непринципиелните вета и инсистирањето на билатернални прашања што е предуслов за отворање на кластерот фундаментални вредности не се само неправда тоа е всушност состемски удар врз ЕУ, изјави Муртезани. Амбцијата на данското претседателство да се посвети на обединета и проширена Европа ја поздравија и македонските пратеници. Доколку ЕУ навистина сака да се обедини со Западен Балкан и Македонија, наместо декларативни пораки треба да спречи некои земји да го злоупотребуваат своето членство и со билатерални прашања и идентитески прашања да ги блокираат процесите за земјава, беа дел од пораките на пратениците. Вториот клучен сет на приоритети на данското претседателство кои беа презентирани денес се конкурентна и зелена Европа со акцент на подобра животна средина и справување со ефектите од климатските промени. Тагови: Данска ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter