Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
1Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
3Србија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од Белград
ЖивотПросечниот раст на очекуваниот животен век за Европејците е во стагнацијаОчекуваниот животен век на Европејците стагнира,при што Англија, во оваа смисла, бележи најголемо забавување, покажува ново истражување. Наводите говорат и дека за оваа појава е виновна алармантна комбинација од лоша исхрана, масовна физичка неактивност и зголемена дебелина кај населението, пренесува „Гардијан“. Во просек, годишниот раст на очекуваниот животен век во Европа паднал од 0,23 години меѓу 1990. и 2011 година, на 0,15 години меѓу 2011. и 2019 година, според наодите. Истражувањето е објавено во списанието „Лансет паблик хелт“ (Lancet Public Health). Од 20 испитани земји, растот на очекуваниот животен век насекаде е намален, освен во Норвешка. Најголемо забавување на животниот век, по Англија, е забележано во земјите на Велика Британија - Северна Ирска, Велс и Шкотска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДемонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел. Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот. View this post on Instagram A post shared by Vizion Plus (@vizionplustv) Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец. Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храбростВо Будимпешта, присуствував на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.Чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ, објави на ФБ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од БелградАлександар Вучиќ прв пат по 14 години власт, е исправен пред сериозен испит – утрешните вонредни парламентарни избори.... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, каква е атмосферата на нешто повеќе од 12 часа до отворањето на избирачките места? Се чувствува ли некаква тензија на улиците? Србите ќе избираат меѓу 18 листи, но веќе е јасно дека главната битка ќе се води меѓу владејачката Српска напредна странка и Студентската листа.. Кој од нив повеќе може да се надева на победа? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook