Просечната декемвриска пензија во Србија ќе биде зголемена за 50 евра, најави директорот на српскиот Фонд за ПИО - Канал 5

Просечната декемвриска пензија во Србија ќе биде зголемена за 50 евра, најави директорот на српскиот Фонд за ПИО

Просечната пензија за декември во Србија ќе биде зголемена за 12,2 проценти и според засега познатите параметри ќе изнесува околу 56.860 динари, односно 485 евра, што номинално ќе биде за околу 6.000 динари (50 евра) повеќе од сегашниот просек.

Просечната декемвриска пензија во Србија ќе биде зголемена за 50 евра, најави директорот на српскиот Фонд за ПИО

Тоа го изјави директорот на Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), Реља Огњеновиќ.

Тој за најновото издание на „Гласот на осигурениците“, билтенот на Фондот ПИО, изјави дека Фондот ќе се обиде да ги исплати зголемените пензии на сите корисници веќе во првите работни денови по Нова година.

Огњеновиќ додаде дека во претходната година, од декември 2024 година, кога пензиите беа зголемени за 10,9 проценти, до декември 2025 година, пензиите кумулативно биле повисоки за 24,4 проценти, што е далеку повеќе од инфлацијата во тој период, што беше едноцифрена.

Тој објасни дека нивото на процентот на прилагодување е определено во однос на растот на просечната нето плата во претходниот период.

„Овој метод на прилагодување е најповолен за корисниците. Благодарение на растот на БДП од јули 2024 до јуни 2025 година, учеството на нето пензиите во БДП е помало од 10 проценти, а со примена на формулата за прилагодување од Законот за ПИО, се добива процент од 12,2 проценти“, истакна тој.

Додаде дека фондот ги обезбедил парите за исплата на зголемени пензии со финансискиот план за 2026 година.

Планираниот буџет на Фондот за ПИО за следната година изнесува 1.365,7 милијарди динари, што е за 12,2 проценти повисоко од првичниот план за 2025 година, а номинално е повисок за 148 милијарди динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

ОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот.

Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Условна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. 

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна.

Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација.

И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска.

Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер