1Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
3Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СудбинаПророштвото на еден ирски старец кој тврди дека зборува со мртвите и ја гледа судбината на државите Пред 7 години предупреди, а еве што според него нè очекуваСалман Салехигударза е ирански јасновидец кој ја предвиде судбината на Трамп и глобалната криза. Неговите пророштва за Блискиот Исток и Русија се остваруваат. Додека светските лидери свикуваат итни состаноци, а Блискиот Исток повторно беснее, зборовите на овој човек кој живее далеку од престолнината и телевизиските камери стануваат сè повеќе популарни на Интернет. Салман Салехигударза е јасновидец од иранската покраина Мазандаран кој со години предупредуваше за она што се случува деновиве. Старецот живее во осамена пештера во планините. Се зборува дека комуницира со душите на мртвите и ја гледа судбината на земјите толку јасно како што обичниот човек го гледа изгрејсонцето. Многу од неговите пророштва веќе се остварија. Во 2019 година, тој говореше за претстојните војни и катаклизми. А 2020 година, тој ја предвиде ерупцијата на планината Таал на Филипините. „Сè што се случува на Земјата е предизвикано од човечката рака. Се уништуваме самите себеси. Вулканите на Исток наскоро ќе еруптираат. И тоа нема да биде Божја волја. Тоа ќе биде реакција на Земјата на она што ние го правиме“, рекол тогаш Салман. Трамп и Иран: Предупредување кое беше игнорирано Доналд Трамп порано заземаше најважното место во пророштвата на старецот. Салман го нарече непредвидлив и предупреди дека неговите политички амбиции ќе доведат до голема катастрофа. „Овој човек навистина сака моќ географски, односно да ја прошири својата географија“, јасновидецот не штедеше на зборови. Ваквите тврдења долго време звучеа како широко поставена политичка проценка, но добија нова тежина на 28 февруари 2026 година, кога Трамп го потврди учеството на Соединетите Држави во операцијата против Иран, претставувајќи го овој потег како превентивен удар за да елиминира заканата за Америка и светот. Што ги очекува Русија и Европа? Покрај овие настани, од особен интерес се предвидувањата на Салман за иднината на Русија. Тој тврдеше дека на земјата ќе ѝ претходи период на големи превирања и нестабилност, но дека ќе излезе посилна од кога било и на крајот ќе заземе водечко место во светот. „Руската духовност ќе се издигне. За две години (од 2022 година), Русија ќе има многу светла иднина. Ќе стане многу силна сила во светот, најсилна. Многу земји ќе бидат почестени што ѝ се пријатели со Русија“, предвидел тогаш јасновидецот. Во неговите толкувања, Русија е претставена не само како воена или политичка сила, туку и како држава која, како што рекол, ќе доживее духовен подем и ќе добие посебен углед меѓу другите нации. Според овие тврдења, соработката со Москва во иднина ќе биде прашање на престиж за многу земји. Европа, како што рекол тој, се соочува со поинаква судбина. „Напливот на бегалци предизвикани од акциите на САД ќе го преплави Стариот свет. А сегашните европски лидери не се способни да се справат со овие предизвици“. Салман беше особено остар во критиките упатени кон Емануел Макрон. „Веднаш можам да видам дека овој човек донесува одлуки само врз основа на своите чувства. И потоа не е сигурен дали донел правилна одлука. Тој е неодлучен. Амбициозен е, но никогаш ништо нема да постигне во својата област“, го опишал иранскиот јасновидец францускиот претседател. За Ангела Меркел има кажано дека е многу урамнотежена, со стабилна психа и секогаш ги постигнува своите цели. Судбината на Иран Уште во 2020 година, старецот рекол: „Нашата земја има одлична иднина пред себе, иако тоа нема да биде без тешкотии“. Најсериозните пораки Салман Салехигударза ги упатил токму на Иран и поширокиот Блиски Исток. Тој предупредил на истовремени надворешни притисоци и внатрешни превирања, тврдејќи дека светот влегува во период во кој последиците од човечката алчност, суета и агресија ќе стануваат сè повидливи. Шест години подоцна, сме сведоци на нападот на Америка и Израел врз неговата родна земја. Според него, луѓето сè повеќе влегуваат во конфликт поради личен интерес, без да бидат свесни за обемот на последиците што можат да ги произведат таквите одлуки. Поради ова, неговите пораки честопати звучеа како мрачно предупредување пред настаните кои веќе не можат лесно да се спречат. Планетата е уморна Самиот Иран, според предвидувањата на Салман Салехигударза, се соочува со тешки искушенија. Надворешните закани ќе ги влошат внатрешните превирања. Но, главното предупредување на овој јасновидец се однесува на целата планета. „Луѓето стануваат зли, му нанесуваат голема штета на својот народ и започнуваат војни. Тие го прават ова само од суета“, рекол тој уште во 2019 година. Земјата, како што кажал, е уморна од човечката нечистотија. И ќе реагира. Вулкански ерупции, војни, глад - сето ова едноставно е реакција на планетата на она што ние го правиме. „Земјата ќе одговара за делата на оние кои се капат во крв. Прашина - тоа е она што нè чека. Сè ќе се претвори во прашина ако човештвото конечно не се освести“, се обидел да предупреди старецот. Денес, додека Блискиот Исток беснее, и претстои закана од ескалација на конфликтот помеѓу Иран и САД во глобална катастрофа, зборовите на овој планински пустиник звучат како последно предупредување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветРоденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот. Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата. Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“ Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават. Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон. Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент. „Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој. Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи. Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента. Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај. Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви. Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.Тагови: Кентаки пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗијадин Села во официјална посета во Австрискиот ПарламентСредба со пратеникот Андреас Минич и градоначалникот на Корнојбург, Кристијан Геп.Почестен од гостопримството што ми ја пружи во Австрискиот Парламент, големиот пријател на Албанците, пратеникот на Австриската народна партија (ÖVP), Андреас Минич, член на Националниот совет на Австрија, воедно заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и член на Собранието на Советот на Европа. Оваа официјална средба во еден важен ден за албанскиот народ и Албанија ја започнав со нашата благодарност за поддршката што Австрија му ја даде на албанскиот народ и држава во клучни моменти од историјата, а особено за време на државотворноста и Независноста на Албанија. Ја потенцирав важноста од продолжување и продлабочување на соработката и пријателските односи со австриската држава и народ, како еден од главните сојузници во големото европско семејство. Со г. Андреас Минич разговаравме за предизвиците што ги има Македонија на патот кон ЕУ, како единствена алтернатива и стратешка ориентација на нашиот народ. Го информирав и за случувањата во внатрешната политика, темите од значење што ги засегаат граѓаните воопшто и Албанците особено, во Македонија. Ме израдува и охрабри безусловната поддршка на пратеникот Минич и на партијата што ја претставува, со која го споделуваме истиот центар-десен ориентација и Владата на Австрија, во нашите аспирации да ја направиме нашата земја и општество демократски, европски и еднакви за сите граѓани и народи. За време на официјалната посета во Австрија, заедно со мојот колега, пратеникот на Австрискиот парламент Андреас Минич, денес ја посетивме Општината Корнојбург и бевме срдечно пречекани од градоначалникот Кристијан Геп, воедно пратеник на овој дистрикт во Државниот парламент на ландот Niederösterreich. Разговаравме за тоа како функционираат општините во Австрија и како Европа се чувствува и се доживува во секојдневниот живот, на локално ниво. Личните средби како оваа градат мостови на поврзување, искуства и модели од кои може да има корист нашата земја и регионот. Ме израдува фактот што албанската дијаспора во оваа земја напредува секој ден сè повеќе, придонесувајќи директно и во важни процеси за заедницата и земјата. – Зијадин Села, претседател на Албанската ЛигаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИзбори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко? Шпанците одлучуваат дали да му дадат на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, уште еден мандат или да ја предадат власта на конзервативната опозиција. Шпанија денеска ја одлучува својата политичка иднина избирајќи ги 350-те членови на Парламентот кои ќе го изберат следниот премиер како и 209 сенатори. Меѓу кандидатите за премиер се социјалистот Педро Санчез, Алберто Нуњез Феихо од централно-десничарската Народна партија, Сантијаго Абаскал од крајно-десничарската Вокс и Ада Колау од левичарскиот Широк фронт. Акутелниот премиер Педро Санчез, повика на голема излезност „за иднината“ на Шпанија, додека неговиот главен противкандидат – Алберто Нуњез Феихо, им порача на граѓаните да гласаат без страв. „Мислам дека денеска најважно е да се активира учеството на избирачите, тоа што ни е должност на сите политичари и политичарки, јас само можам да изразам благодарност за мобилизацијата која ја видовме во врска со политичкиот проект кој јас го предлагам. Од тука па натаму ќе го чекаме резултатот и волјата на граѓаните.“ „Која и да е одлуката која ќе ја донесете, што ќе ја изберете и која ви се чини подобра за нашата земја, никогаш да не ја донесете од страв, туку да ја направите со сеќавање, со убедување и знаејќи дека тоа што ќе го избереме, е една демократска влада на нашата земја.“ Крајниот десничар Сантијаго Абаскал исто така се надева дека гласањето ќе се одвива без страв, додека Ада Колау гласајќи од Барселона порача дека „жените нема да молчат“ , откако на главната телевизиска дебата меѓу кандидатите Нуњез Феихо и порача да биде тивка. Според шпанските медиуми, Народната партија би можела да биде победник освојувајќи 31% од гласовите по што возможна е коалиција со крајно-десничарската Вокс која би освоила скоро 18% од гласовите. Доколку се избере десничарска влада тоа би го прекинал осум годишниот циклус на левичарски влади, а доколку крајно-десничарската партија Вокс влезе во владеачка коалиција, тоа би било за прв пат од 1975та година по диктатурата на Франциско Франко. Сепак, иако засега според анкетите се наоѓа на второто место, владејачката Социјалистичко-работничка партија, би можела да влезе во тесно водство. За време на своето владеење Санчез се соочи со сериозни предизвици како кризата со високи трошоци за живот, ниски плати и прескапи трошоци за домување. Дополнително, тој беше жестоко критикуван за тешката мигрантска криза во енклавите Сеута и Мелила, кои се уште ги трпат последиците од раст на криминалната стапка. Повеќе од 38,6 милиони гласачи во Шпанија денеска имаат право на глас. Резултатите би требало да бидат објавени доцна во ноќта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook