ЖивотПроповедник ја мачел до смрт 5 – годишната ќерка, се сомневал дека ја изгубила невиностаФајхан ал Гамди осуден е на осум години затвор и 600 удари со камшик. Тој како духовен авторитет има настапувано на сателитски канали, а неговата ќерка ја мачел во паузите меѓу два телевизиски настапа.Саудискиот проповедник Фајхан ал Гамди осуден е заради убиство на својата петгодишна ќерка која ја претепал до смрт. Многу критичари на саудиското судство стравуваа дека судот ќе го ослободи или дека ќе му доделат многу блага казма, па затоа беше покрената и кампања под слоганот „Јас сум Лама“, ангажирајќи ги медиумите да ги притискаат судските органи. Самопрогласениот верски водач (не е признат од властите во Саудиска Арабија) според медицинското досие ѕверски постапувал кон своето дете. Од повредите и раните што и ги нанел таа почина. Покрај модрици и гребаници по целото тело, таа имала и скршено ребро, искорнат и бил еден нокт, а имала и повреда на черепот. Имала траги од горење на кожата. Злоставувањето се случувало додека ќерката била со таткото, кој е разведен од мајката на девојчето. Наводно ал Гамди се сомневал дека неговата ќерка ја „изгубила невиноста“, а според некои наводи можно е и тој самиот да ја силувал, иако тоа нејзината мајка го негира. Активистите за човекови права веднаш покренаа кампања откако судијата кој го разгледувал случајот изјавил дека според исламските закони татковците не можат во целост да бидат виновни за смртта на своите деца. Случајот беше објавен во сите светски медиуми, а како резултат на тоа направени се и незапаметени измени во законот за семејно насилство во земјата. Станува збор за многу конзервативно и патријархално општество во кое за вакви случаи се молчи и главно минуваат неказнето. Со измените на законот е направен првиот чекор за ваквите злосторства да излезат од „четирите ѕида“ на семејните домови, но активистите тврдат дека сега треба да се види колку законот ќе се применува во пракса. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветРуте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТОГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли барањата на Украина за приклучување кон трансатлантската алијанса во овој момент.Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членките на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“. „На НАТО е да одлучи кој може да стане членка на НАТО“, рече Руте. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се залагаше за прием на неговата земја во НАТО. Тој оцени дека ова е подобро решение за безбедноста во Европа отколку безбедносните гаранции кои само личат на клаузулата за заемна помош во член 5 од договорот за НАТО. Русија го отфрла влезот на Украина во НАТО, а Одбранбената алијанса во принцип одлучи дека Украина треба да стане членка, но САД се спротивставија на тоа во последните години.Тагови: Володимир Зеленски Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
ЗабаваЦрногорската мисица Марија, која „леташе орли“ на Мис Универзум: Бев горда Претставничката на Црна Гора на натпреварот Мис Универзум што ќе се одржи на 24 ноември, Марија Александра Ивезај, покажа „двоглав орел“ за време на парадата со костими.Сега таа одговори на прашањата на јавноста за нејзиниот потег за време на презентацијата и рече дека е горда и на своето албанско потекло и на Црна Гора, објави Телеграф. Откако нејзиното претставување на натпреварот Мис Универзум привлече големо внимание, бидејќи покажа „двоглав орел“ на сцената, Марија Александра Ивезај се огласи на социјалните мрежи. - Многу луѓе ме прашаа зошто го покажав албанскиот орел за време на моето претставување на натпреварот Мис Универзум. Размислував за тој момент пред да излезам на сцената и ОДБРАВ да го направам тоа затоа што сакав девојките со албанско потекло од Црна Гора да видат дел од себе таму горе со мене. Двајцата мои родители се родени и израснати во Црна Гора. Моето семејство е од Тузи и пораснав враќајќи се таму секое лето. Тоа што сум Албанка е дел од приказната на моето семејство, а Црна Гора е дел од таа приказна. Кога реков „Црна Гора“ на сцената и го кренав орелот, бев горда и на двете. Дојдов на Мис Универзум со надеж дека луѓето од малцинските заедници во Црна Гора исто така ќе се чувствуваат претставени. Прославувањето на нашето наследство беше еден од најлични начини на кои можев да оддадам почит на земјата што моето семејство ја нарекува дом. Би го направила тоа повторно - напиша таа на Инстаграм. Таа покажа двоглав орел на сцената За потсетување, на 75-от избор за Мис Универзум, имаше неочекуван скандал кога претставничката на Црна Гора, Марија Александра Ивезај, направи гест за време на парадата во национални носии што крена многу прашина. Таа покажа „двоглав орел“ со рацете на сцената, што често се смета за симбол на таканаречената голема Албанија.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос ГерапетритисДенеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина. Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии. Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион. Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот. Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната. На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter