Пропаѓа автомобилски гигант- загуба од милијарда евра и најава за отпуштања - Канал 5

Пропаѓа автомобилски гигант- загуба од милијарда евра и најава за отпуштања

Германскиот автомобилски гигант ZF Friedrichshafen се соочува со сериозни финансиски тешкотии откако ја заврши 2024 година со загуба од над една милијарда евра.

Пропаѓа автомобилски гигант- загуба од милијарда евра и најава за отпуштања

Приходите паднале за околу 11 отсто, што значи дека компанијата загубила 5,2 милијарди евра во споредба со 2023 година, објави Евримагаци.

Извршниот директор Холгер Клајн истакнал дека клучните проблеми се високите трошоци за реструктуирање од 600 милиони евра, како и слабата побарувачка за електрични возила. Покрај тоа, компанијата се соочува со огромен долг од над десет милијарди евра, поради што планира значителни промени за да стане попрофитабилна.

ЗФ веќе најави отпуштање на 4.000 работници, додека во Германија до 2028 година ќе бидат укинати дури 14.000 работни места. Компанијата на крајот на 2024 година вработувала 161.631 работник, што е намалување за 4 отсто, додека во Германија бројот на вработени е намален на 52.000.

И покрај тешката ситуација, ЗФ планира да исплати дивиденда од 40 милиони евра на градот Фридрихсхафен, кој поседува 93,8 отсто од компанијата преку фондацијата Цепелин. Оваа одлука наиде на критики, со оглед на големите загуби и отпуштања.

Иднината на гигантот ЗФ е неизвесна, особено за фабриката во Сарбрикен, каде во 2024 година беа отпуштени 1.300 работници, а можни се дополнителни кратења. Во исто време, компанијата бара стратешки партнери во секторот на погонски системи, но не размислува за целосна продажба.

ЗФ се надева дека ќе стане лидер во новите технологии преку реструктуирање, но со оглед на нејзините моментални финансиски проблеми, закрепнувањето ќе биде долго и неизвесно.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

 Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило „застава“ без регистарски ознаки, кое превезувало огревно дрво.

- Откако ги забележал, возачот ја зголемил брзината и тргнал со возилото кон полициските службеници, кои се обиделе да го сопрат по што, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркиран автомобил „форд сиера“ со струшки регистарски ознаки. Возачот и уште две лица од возилото го напуштиле местото, по што возилото и огревното дрво се предадени на Шумската полиција, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОВР Струга презема мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљo, соопшти дека рано утринава е спроведена голема полициска акција во која се уапсени 21 лице, осомничени дека припаѓаат на организиран нарко-картел кој дејствува во Марсеј.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Операцијата беше спроведена многу рано утринава и доведе до 21 апсење поврзани со нарко - картел, пишува Ле Фигаро.

„Очекуваме ова да овозможи разбивање на значајна мрежа во Марсеј“, рече Ретаљо на прес-конференција за време на посетата на градот.

Операцијата се фокусираше на мрежа во населбата Ла Кастелан, лоцирана во северните делови на Марсеј, позната како жариште на трговија со дрога и симбол на борбата против организираниот криминал во вториот по големина град во Франција, јавувааат француските медиуми.

Министерот нагласи дека „речиси сите цели“ на акцијата се идентификувани и приведени.

Во операцијата учествуваа 170 истражители, вклучително и елитните единици РАИД и специјализирани интервентни бригади, како и меѓународната агенција Европол.

„Стануваа збор за виссокорангираани членови на мрежата“, рече Ретаљо, изразувајќи надеж дека акцијата му нанела „смртоносен или барем многу сериозен удар“ на криминалниот синџир.

Иако минатата година беше спроведена голема операција, трговијата со дрога во Ла Кастелана не е целосно запрена.

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

 Базиликата Свети Петар во Ватикан изутрината повторно е отворена по кратко затворање во текот на ноќта, за вториот ден од поклонението пред папата Франциск. 

Над 50.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата Свети Петар

Од 11 часот вчера до 11 часот денеска повеќе од 50.000 луѓе се собраа во базиликата Свети Петар за да се простат од починатиот папа, соопшти прес-службата на Ватикан.

Поради огромната редица луѓе кои чекаат, базиликата, која првично требаше да се затвори на полноќ, остана отворена до 5:30 часот утрината, пред повторно да ги отвори вратите во 7 часот.

Телото на 88-годишниот Френсис, кој почина во понеделникот во неговата резиденција Санта Марта по мозочен удар, вчера беше пренесено во базиликата Свети Петар во погребна поворка.

Над 170 делегации, вклучително и шефови на држави и влади, се очекува да пристигнат од целиот свет на погребот в сабота. Церемонијата ќе се емитува и на телевизија ширум светот.

„Едно поглавје во историјата на црквата е затворено“, изјави Герхард Лудвиг Милер, германски кардинал познат како конзервативец кој ќе биде еден од учесниците на конклавата на која ќе се избере 267. поглавар на Римокатоличката црква, во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

притисни ентер