Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
АвтомобилизамПропаднал салонот ,а скапите болиди собираат прашина (ФОТО)Во криза, луѓето трошат помалку, а прво од што се откажуваат е луксузот. Во таква атмосфера, не е тешко да се пропадне, дури и на пазарот преплавен со милионери.Овие фотографии од морничаво испразниот изложбен салон доаѓаат од Кина. Тоа е првиот дистрибутер на луксузни автомобили во јужниот дел на Кина што ги отвори своите врати во 2005 година. Изложбениот салон во Гуангжу, во меѓувреме, ги затвори своите врати и неодамна беше посетен од еден обожавател на автомобили познат на социјалните медиуми како Ченгормандо. Таму пронајде голем број на атрактивни автомобили во лоша состојба. Porsche Carrera GT, Ferrari 575 Superamerica и Corvette Z06 се многу привлечни автомобили, дури и кога се покриени со густ слој прашина. Да, затворањето на овој салон нема никаква врска со моменталната корона криза, туку пропаднал набргу по отворањето, веројатно за време на првата криза на овој милениум, според достапните информации. Истото го сугерира и промотивниот материјал за Ferrari 612 Scaglietti, кој беше во продажба до 2011 година. Според информациите со кои располага „Ченгормандо“, овие автомобили стојат таму најмалку осум години, а меѓу нив најинтересен е Порше, кој денес постигнува цена од еден милион долари. Инаку, станува збор за модел кој е придвижуван од атмосферски 5,7 V10 со 612 КС и 590 Nm, кој достигнува 100 км на час за 3,9 секунди и оди до 330 км на час. Без разлика на прашината, тоа е вистински колекционерски премет. Ферари не е помалку интересен. Се напојува со 5,7 V12 со 540 КС и 588 Nm, а станува збор за модел со рачен менувач. Биле произведени само 43 примероци. Стигнува до 100 км на час за 4,2 секунди и достигнува 320 км на час. Конечно, има и Corvette C5, со цена надвор од клубот на гореспоменатите модели. Но сепак, жолтатата боја, V8 моторот и агресивниот дизајн го прават многу пожелен автомобил. View this post on Instagram Abandoned Carrera GT, C5 Z06 and 575 Superamerica with manual gearbox sitting in what was known as the first Ferrari and Maserati 3S Center in southern Mainland China opened in 2005. Have a good one. A post shared by 𝐉𝐀𝐌𝐄𝐒 𝐖𝐀𝐍 | 𝐒𝐍𝐀𝐏𝐒𝐇𝐎𝐓𝐒 (@cheongermando) on Aug 1, 2020 at 8:01am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернативаДва месеца откако првата сирена на локомотивата го најави неговото враќање, градскиот воз полека, но сигурно станува дел од секојдневието на скопјани. За жителите кои живеат покрај железничката траса веќе станува и навика, оти велат е поинтересна и попрактична транспортна алтернатива. Дел од нив не паметат кога пред градскиот воз, последен пат се возеле на шини – патувањето велат е сосема поразлично, евтино, брзо и удобно, а притоа да не го изгубат целиот ден патувајќи... За други, пак, возот денеска беше можност за празнична прошетка, посета на пријатели или на некој од околните манастири. Велат, брзата железничка врска била мотив плус да излезат од дома и денот да го поминат поинаку. Најголема возбуда, очекувано, кај најмалите. И денеска забележавме родители кои ги носеа своите деца на возење со воз. За тинејџерите од Зелениково пак тој веќе е дел од секојдневнието, превоз до училиште, како и за почести прошетки. Во текот на денот оваа линија од Скопје до Зелениково, каде повратна карта е 70 денари ја користат околу 300 граѓани, половина од нив веќе имаат и месечни билети. Машиновозачите и кондуктерите велат дека интересот е се поголем. Железницата во земјава, како и во целиот свет велат треба да стане примарен, а не алтернативен транспорт. Граѓаните дополнително сметаат дека градскиот воз би бил уште покорисен со почести поаѓања и подобро усогласен возен ред. Предлагаат и воведување интегриран билет што би важел за целиот јавен превоз, што патувањето би им го направило поедноставно и попрактично. Сепак, железницата да стане уште попристапна и побезбедна, потребни се дополнителни инфраструктурни подобрувања, особено во однос на сообраќајната сигнализацвија и рампите на железничките премини. Градскиот воз почна да сообраќа на први септември, со почетокот на учебната година. На линијата Скопје – Зелениково има по осум поаѓања дневно во секој правец, а патувањето трае околу 25 минути. Оваа линија е првата од трите предвидени, односно втората траса ќе биде од Волково до Транспортен центар и третата од Илинден исто така до центарот на градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег Завршија топлите и сончеви денови.. Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија го одбележува 11 ОктомвриМакедонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата. Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: 11 Октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook